Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници


Фото: Б. Грданоски

Вкупно има 26 пациенти заболени од корона вирус, од кои 17 во Скопје, а 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Од новите случаи, еден од пациентите е сместен на Инфективната клиника во Скопје, а другите се уште дома, но во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективна.

Дополнително и пациентката која дошла од Холандија, ќе биде згрижена.

Целосно е спремен капацитетот во Инфективната клиника. И вториот кат е подготвен да ги прими сите пациенти кои ќе имаат потреба.

Денеска бевме исконтактирани од кинеската амбасада кои кажаа дека има шанси да стигнат маски и материјали како помош од Кина, рече Филипче.

Ќе се зголеми бројот на автобуси во ЈСП во утринските и попладневните часови за да нема метеж во автобусите.

Од Италија и Австрија, преку Деве Баир ќе влезат околу 200 патници, кои ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, на Криволак.