Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19


Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки.

-Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да се предвиди кога ќе биде пикот во земјава и ова што го кажувам треба да се земе со резерва зашто се базира на некои претпоставки, проценки и матеметики. Можно е бројот на заболени пациенти во нашата земја да достиген до 2.000, а пикот да биде за околу еден месец од сега, рече Филипче во одговор на прашање на денешнат апрес-конференција во Владата.

Тој посочи дека земјава има доволно резерви на маски и дезифекциски средства и како што рече, во овој момент или во скоро време тоа не би требало да претставува проблем.

-Маските не се нешто што не загрижува бидејќи имаме повеже од дваесет и неколку илјади на располагање и дозвола и од Бирото за јавни набавки и од Државната комисија за спречување на корупција не само Министерството за здравство, туку и секоја институција да може да набавува за себе, согласно итноста на ситуацијата. Разговарамве со наши производители за производството на дезифициенци и не уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено и оти не размислуваат на извоз во овој момент, рече Филипче.

Нагласи дека маските и дезифициенците нема да бидат проблем и за граѓаните бидејќи, како што рече, сите прават постапки и се во фаза на набавки.

-Мислам дека тоа нема да биде проблем. Можеби како проблем се осети до сега, но не верувам дека кризата и недостатокот ќе бидат сериозни, посочи Филипче.