Во Министерството за правда консултации за законот за ЈО


Во Министерството за правда денеска се одржаа констултации за законот за јавно обвинителство со работната група. Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил објави фотографии, на кои се гледа дека на состанокот меѓу другите присуствувале државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, академик Владо Камбовски и професори од Правниот факултет.

Бектеши: Укинати се трговските бариери меѓу Северна Македонија и Косово


Министерството за трговија и индустрија на Косово денеска го извести Министерството за економија на Северна Македонија дека се укинати бариерите за извоз на мед и компир. Според договореното на состанокот меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала кој што се одржа пред две недели, Агенцијата за …

Бектеши: Укинати се трговските бариери меѓу Северна Македонија и Косово Read More »

Министерството за здравство ќе ги централизира онкологија и радиотерапија


Владата на Република Северна Македонија на 152-та седница ја усвои информацијата со иницијатива за централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип, Клиничката болница Битола и низ останатите градови во Републиката. Како што соопштуваат од …

Министерството за здравство ќе ги централизира онкологија и радиотерапија Read More »

Фатени 10 дилери на дрога


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во МВР, во соработка со СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции, а во координација со Основното јавно обвинителство Струга, сузби криминална група која се занимавала со набавка и продажба на марихуана во Струга, Охрид, Битола, …

Фатени 10 дилери на дрога Read More »

Во Штип два случаја на семејно насилство


Секторот за внатрешни работи-Штип регистрираше два случаја на насилство врз жени. Во првиот случај, рано утринава во шест часот во Полициската станица во Штип 46 годишна жена пријавила дека околу четири часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Т. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова во соопштението до медиумите вели дека се работи …

Во Штип два случаја на семејно насилство Read More »

Џо Џонсон поднесе оставка од местото министер и пратеник


Помладиот брат на британскиот премиер Борис Џонсон, Џо денеска поднесе оставка од министерската функција и најави дека ќе поднесе оставка и од пратеник, а како причина го наведе судирот помеѓу семејната лојалност и националниот интерес. – Ми беше чест што работев како министер во три влади. Претходните недели бев распнат помеѓу семејната лојалност и националниот …

Џо Џонсон поднесе оставка од местото министер и пратеник Read More »

ОН: Еден милион долари за настраданите од ураганот Доријан на Бахамите


Организацијата на обединетите нации ќе донира еден милион долари за настраданите од ураганот Доријан на Бахамите. Светската организација ги издвои средствата од посебен фонд за итни случаи Според ОН, досега од ураганот загинале најмалку 20 лица, а 70.000 луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош. Ураганот Доријан се уште претставува опасност за неколку американски држави …

ОН: Еден милион долари за настраданите од ураганот Доријан на Бахамите Read More »

За НАТО треба да се праша и Пабло Иглесијас


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Оптимизмот некогаш знае да издишува полека, чекор по чекор. Така е со проекцијата од почетокот на годинава дека по ратификацијата на Преспанскиот договор членството во НАТО е извесно на декемврискиот самит на Алијансата. Може тој оптимизам беше потхранет со екстра брзата ратификација на Протоколот за членство во повеќе земји, фактот дека ниту една …

За НАТО треба да се праша и Пабло Иглесијас Read More »

Шекеринска: Амбициозни сме да станеме членка на најголемиот воено-политички сојуз


Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по вчерашниот Совет за безбедност дека во наредните 50 дена ќе имаме турбулентен период покажува колку државата е амбициозна во делот на членството на НАТО и добивањето на датумот за преговори со Европската Унија, оцени при денешната посета на штипската касарна „Јане Сандански“, министерката за одбрана …

Шекеринска: Амбициозни сме да станеме членка на најголемиот воено-политички сојуз Read More »

Субвенциониран оброк за сите ученици во Карпош


Со одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна 2019/2020 година, учениците од сите основни училишта во Карпош ќе имаат можност да добиваат субвенционирана ужинка. – Надоместокот кој Општината ќе го покрива, ќе биде 50 отсто од месечната цена за ужинка. Досегашната практика, децата од прво до петто одделение да добиваат бесплатни ужинки се …

Субвенциониран оброк за сите ученици во Карпош Read More »

Новодијагностицирани 500 пациенти со хематолошки малигнитети од 2017 година


Подигнување на јавната свест кај населението за хематолошки малигнитети – леукемии, лимфоми и миеломи, а пациентите да го кренат својот глас за подобар третман, подобра дијагноза, современ пристап на терапија, како што имаат и останатите европски земји и земјите во светот.  Ова се целите на Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и …

Новодијагностицирани 500 пациенти со хематолошки малигнитети од 2017 година Read More »

Силна експлозија во фабрика за петарди во Индија, загинаа 23


Во силна експлозија во фабрика за петарди 23 лица загинаа, а 14 се повредени во средата на северот на Индија, соопшти полицијата, а пренесе Си-ен-ен. Експлозијата која се случила во Гурдаспур, во индиската сојузна држава Пунџаб, била толку силна што паднала цела зграда во која се изработувале петардите. – Се обидуваме да ја откриеме причината …

Силна експлозија во фабрика за петарди во Индија, загинаа 23 Read More »

Бразил и Чешка обезбедија место во втората фаза на кошаркарскиот Мундијал


Репрезентациите на Бразил и на Чешка се најдоа помеѓу 16 најдобри на Светското првенство во кошарка кое се игра во Кина. Бразил денес ја забележа третата победа во Ф-групата и со максимални шест бода го освои првото место. Од друга страна, Црна Гора го забележа и третиот пораз и без ниту еден триумф го завршува …

Бразил и Чешка обезбедија место во втората фаза на кошаркарскиот Мундијал Read More »

Боки 13 однесен во болница поради болки во градите


Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денеска од затворот во Шутка е пренесен на скопските клиники, дознава Алсат М. Тој е примен на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите. Бојан Јовановски повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како еден од обвинетите во …

Боки 13 однесен во болница поради болки во градите Read More »

Чувар на паркинг починал на работно место во тетовско Горно Седларце


Шеесетгодишниот Х.З. починал на работното место како чувар на паркинг во угостителски објект во тетовско Горно Седларце, општина Боговиње. Утринава околу 2 часот тој бил најден во бессознание на паркингот каде што работел. Потоа била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт. -Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба …

Чувар на паркинг починал на работно место во тетовско Горно Седларце Read More »

(Во живо) Изјава на Илија Димовски


Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, пред седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/972331749779371/?notif_id=1567506900986045&notif_t=live_video_explicit

Се удрија автомобил и електричен тротинет


Во средата, во седум часот наутро, на крстосницата од бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с. Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била …

Се удрија автомобил и електричен тротинет Read More »

Три приоритети за заштита на сметководствената дејност


– Важноста на финансиските извештаи, годишните сметки и на другите финансиски информации е од големо значење како за корисниците на сметководствените услуги така и за другите ентитети од општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Во таа насока Комората на сметководители смета дека е неопходно да се подигне квалитетот за нивното изготвување, понатаму да  намали нелојалната конкуренција …

Три приоритети за заштита на сметководствената дејност Read More »

Кулев: Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје


Владата ќе субвенционира два денара по килограм грозје, рече Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари” на денешната прес-конференција во Кавадарци. – Овие мерки не се доволни за обештетување на лозарите, но во услови на немање разбирање од винариите да ги покачат цените за оваа година, тоа е максималната помош од Владата. Ние сме неполитичко …

Кулев: Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје Read More »