Бразил и Чешка обезбедија место во втората фаза на кошаркарскиот Мундијал

Репрезентациите на Бразил и на Чешка се најдоа помеѓу 16 најдобри на Светското првенство во кошарка кое се игра во Кина.

Бразил денес ја забележа третата победа во Ф-групата и со максимални шест бода го освои првото место. Од друга страна, Црна Гора го забележа и третиот пораз и без ниту еден триумф го завршува Мундијалот.

За второто место во оваа група во директен дуел ќе одлучуваат Грција и Нов Зеланд.

Директен меч за второто место одиграа попладнево Чешка и Турција. Турците кои пред два дена беа пред голем триумф над САД, го загубија и дуелот со Чесите и со два пораза не успеаја да ја минат Е-групата. Таму покрај Американците, во следната фаза одат и Чесите.

Резултати:
Бразил – Црна Гора 84:73
Чешка – Турција 91:76.