Силна експлозија во фабрика за петарди во Индија, загинаа 23


Во силна експлозија во фабрика за петарди 23 лица загинаа, а 14 се повредени во средата на северот на Индија, соопшти полицијата, а пренесе Си-ен-ен.

Експлозијата која се случила во Гурдаспур, во индиската сојузна држава Пунџаб, била толку силна што паднала цела зграда во која се изработувале петардите.

– Се обидуваме да ја откриеме причината за експлозијата. Полицијата, пожарникарите и другите итни служби се на местото на настанот и меѓу урнатините истражуваат дали има уште загинати – рече инспекторот и додаде дека експлозијата била толку силна што ги скршила сите прозорци, а урнала и ѕидови на околните згради.