Чувар на паркинг починал на работно место во тетовско Горно Седларце


Шеесетгодишниот Х.З. починал на работното место како чувар на паркинг во угостителски објект во тетовско Горно Седларце, општина Боговиње. Утринава околу 2 часот тој бил најден во бессознание на паркингот каде што работел. Потоа била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт.

-Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, информира СВР Тетово.

Починатиот Х.З. е жител на тетовски Пирок.