Во Штип два случаја на семејно насилство


Секторот за внатрешни работи-Штип регистрираше два случаја на насилство врз жени. Во првиот случај, рано утринава во шест часот во Полициската станица во Штип 46 годишна жена пријавила дека околу четири часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Т.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова во соопштението до медиумите вели дека се работи на расчистување на случајот, по што за сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Во текот на вчерашниот ден во 19 часот во Полициската станица Штип, 22 годишна жена од Штип пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот во нејзината куќа во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг 27-годишниот С.Д. од Штип, посочи Панајотова.

Таа додаде дека се работи и на расчистување и на овој случај.