Се удрија автомобил и електричен тротинет


Во средата, во седум часот наутро, на крстосницата од бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с. Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.