Боки 13 однесен во болница поради болки во градите


Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денеска од затворот во Шутка е пренесен на скопските клиники, дознава Алсат М.

Тој е примен на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите.

Бојан Јовановски повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како еден од обвинетите во случајот „Рекет“.