Барселона донира 30.000 заштитни маски


Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски на каталонската Влада во борбата против коронавирусот. Маските се произведени во Кина, а ги донираше кинеската осигурителна компанија „Таипинг“, која е регионален спонзор на Каталонците. Од „Камп Ноу“ истакнаа дека најголем дел од маските ќе завршат во домови на стари лица, додека клубот преку својата Фондација најави нова …

Барселона донира 30.000 заштитни маски Read More »

Албанија испрати тим здравствени работници во Бергамо


Триесет албански лекари и медицински техничари отпатуваа за Италија за да им помогнат на нивните колеги во Бергамо во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Тирана. „Испраќањето на здравствениот персонал се случува по вчерашниот разговор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо и го следи барањето …

Албанија испрати тим здравствени работници во Бергамо Read More »

Шпанска принцеза почина од корона вирус


Шпанската принцеза Марија Тереза (87) од кралското семејство Бурбон-Парма, почина откако се заразила со корона вирус, пишува „Мирор“. Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврди веста за медиумите. Марија Тереза е една од петте илјади умрени жители на Шпанија поради корона вирусот. Родена е во 1933 година во Париз како една …

Шпанска принцеза почина од корона вирус Read More »

Инспиративна фотографија: Евреин и муслиман се молат заедно


Фотографија на која се гледа како евреин и муслиман се молат заедно многумина ја сметаат за инспиративна во време на пандемија од корона вирус. Двајца членови на израелската служба за итни случаи Маген Давив Адом Аврахам Минц и Зохер Абу Џама, по бројни интервенции нашле малку време да се помолат заедно, а нивните фотографии станаа …

Инспиративна фотографија: Евреин и муслиман се молат заедно Read More »

Ограбени две аптеки во Скопје – крадецот со нож им се заканил на вработените


Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки. Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“. Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

МИОА: Во Македонија нема 5Г мрежа


Од Министерството за информатичко општество и администрација ги демантираа информациите дека деновиве во Северна Македонија се прават тестирања за 5Г мрежа. – Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено …

МИОА: Во Македонија нема 5Г мрежа Read More »

Стивнаа песните од тераса во Италија – луѓето се плашат од глад


Рекорден број умрени во Италија од корона вирус, вкупно 9.950 луѓе подлегнаа на болеста, а починати се и 51 лекар. За пет седмици од почетокот на епидемијата во Италија регистрирани се 86.498 заразени, со што ја надмина Кина. Стручњаците кои го следат ширењето на епидемијата од корона вирус во Италија тврдат дека постојат цврсти докази …

Стивнаа песните од тераса во Италија – луѓето се плашат од глад Read More »

Италијанскиот премиер ја повика ЕУ да издаде „обврзница за закрепнување“


Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика Европската унија да издаде „обврзница за закрепнување“ за да им помогне на земјите-членки во борбата против пандемијата на коронавирусот. Тој порача дека неуспехот во решавањето на вонредната состојба ќе биде „трагична грешка“ на Унијата. Во интервју за италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“, објавено денеска, Конте вели дека е …

Италијанскиот премиер ја повика ЕУ да издаде „обврзница за закрепнување“ Read More »

Приведени се 44 лица за непочитување на мерката за забрана за движење


Во текот на изминатото деноноќие (27/28 март) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираа дека …

Приведени се 44 лица за непочитување на мерката за забрана за движење Read More »

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Град Скопје. Оттаму објаснуваат дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен …

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница Read More »

Мицкоски подготвен да помогне на Владата, нуди економски мерки


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес, а таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. „Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто …

Мицкоски подготвен да помогне на Владата, нуди економски мерки Read More »

Чулев: Личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на домашна адреса на граѓаните. Ваквата можност нема да важи за пасошите бидејќи за нив при подигањето на документот е потребно е …

Чулев: Личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса Read More »

Албанија: Бројот на заразени од Ковид -19 се зголеми на 197 лица, од кои десет починати


Во последните 24 часа во Албанија дијагностицирани се нови 11 случаи со Ковид-19, со што бројот на заразените се зголеми на 197 лица. – Тестирани се 79 лица сомнителни на новиот коронавирус, а од нив позитивни се 11. До овој момент тестирани се вкупно 1.325 сомнителни случаи од кои позитвни на Ковид-19се 197 лица. Во …

Албанија: Бројот на заразени од Ковид -19 се зголеми на 197 лица, од кои десет починати Read More »

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле


Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги дезинфицираат влезовите од згради во населбата Козле. Се дезинфицираат влезните врати, сандачињата, гелендерите и лифтот. -Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на општината. Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и …

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле Read More »

Со специјален лет граѓаните кои се во Словенија се враќаат дома


Со специјален лет на компанијата Виз Ер, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат дома во Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома. Сите тие претходно дале согласност дека …

Со специјален лет граѓаните кои се во Словенија се враќаат дома Read More »

(Видео) Македонски ентузијасти: Како се печатат 3D визири за заштита на лекарите?


Група ентузијасти почнаа да печатат 3D визири за заштита на лекарите од корона вирус. Замолија сите кои имаат 3D печатачи да им се придружат. Не е мал бројот на оние кои се пријавија на повикот, а меѓу нив е и професорката Даниела Перуновска Сандева. Таа објави видео од изработката на визирите. Погледнете како изгледа постапката: …

(Видео) Македонски ентузијасти: Како се печатат 3D визири за заштита на лекарите? Read More »

Хотелот „Молика“ ќе биде државен карантин за 90 лица


АД ЕСМ соопшти дека нивниот хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карактин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји. Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот. – Транспортот и сместувањето ќе бидат …

Хотелот „Молика“ ќе биде државен карантин за 90 лица Read More »

Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа


Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со јавност посочуваат дека најавата за подобрување на временските услови не значи и отстранување на забраната за викенд во Преспа и во таа смисла не е дозволен престој во Отешево, Стење, …

Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа Read More »

Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради


Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории во зградите. – Согласно препораките на Главниот координативен штаб, сите заедници на сопственици на станбени згради како и управители на станбени згради потребно е да преземат активности за дезинфекција на …

Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради Read More »

Потопло време до вторник, од среда повторно заладување


Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од …

Потопло време до вторник, од среда повторно заладување Read More »