Нинџа: На протестите имав задача да го следам Јовче Ременски


Од 65 дена цели 55 дена бев на протестите. На протестите беше и Јовче Ременски, а од страна на Владимир Атанасовски ми беше задача да го следам него, да видам дали снима и што прави. Исто така беа следени и Зоран Заев, Оливер Спасовски, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите …

Нинџа: На протестите имав задача да го следам Јовче Ременски Read More »

Јапонија: Поради големите горештини – симнете ги маските кога и да сте во можност


Јапонските власти ги предупредија граѓаните и покрај пандемијата од корона вирус да ги симнуваат маските кога и да е тоа можно поради високите температури и големата влажност во воздухот. Јапонската телевизија Ен-ха-ка јави за рекордни температури од 30 до 35 степени Целзиусови во различни делови од земјата. Властите ги предупредија граѓаните да избегнуваат напорно вежбање …

Јапонија: Поради големите горештини – симнете ги маските кога и да сте во можност Read More »

Грција загрижена за порастот на новозаболени


  Властите на Грција изразија загриженост поради порастот на бројот на новозаболени од корона вирус, односно Ковид-19. „Се лаже секој што мисли дека сме се оттарасиле од вирусот. Мора да бидеме претпазливи и да ги почитуваме мерките за спречување на ширењето на вирусот“, предупреди министерот за цивилна заштита Никос Нардалиас. Грчките власти соопштија дека вчера …

Грција загрижена за порастот на новозаболени Read More »

Еден загинат и осум повредени во сообраќајка кај Струмица


Во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 18:45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, загина триесет и четири годишниот С.Г. од село Градашорци. Потешко се повредени три лица, додека со полесни повреди се здобиле петмина. Во денешниот билтен полицијата информира дека во сообраќајката учествувале автомобил „опел астра“, со скопски …

Еден загинат и осум повредени во сообраќајка кај Струмица Read More »

Испити онлајн и со физичко присуство на УКИМ – „хибридна сесија“ е најсоодветно решение, смета претседателот на студентите


Испитнатата сесија која во редовни околности ќе беше почната од 1 јуни, на факултертите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ почна одложено и за термините тие самостојно одлучија. Онлајн-полагање во јунската сесија е веќе почнато, некаде и полагањето со физичко присуство на студентите кое, најголем дел од факултетите, ќе го организираат од 15 јуни. Флексибилността …

Испити онлајн и со физичко присуство на УКИМ – „хибридна сесија“ е најсоодветно решение, смета претседателот на студентите Read More »

Активностите за избор на ректор на УКИМ ставени во мирување, неофицијално има повеќе од четири кандидати


Согласно со Уредбата објавена во Службен весник бр.149 на 5.6.2020 со бр. 44-5004/1, сите активности на Универзитетската изборна комисија се ставени во мирување. Ова е соопштено на веб-страницата на Универзитетпт „Св. Кирил и Методиј“. Тројца кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорите Вујица Живковиќ, Драги Димитриевски и Петар Атанасов, вчера ги поднесоа своите кандидатури …

Активностите за избор на ректор на УКИМ ставени во мирување, неофицијално има повеќе од четири кандидати Read More »

Белгија не е подготвена да спречи втор бран на корона вирусот


Белгија заостанува во подготовките кои се „клучни за да се минимизира ризикот за втор бран“ на коронавирусот, се вели, меѓу другото, во препораките кои и биле дадени на Владата пред минатонеделниот состанок, а објавени вчера. Белгија од вчера влезе во третата фаза од својата стратегија за излез од пандемијата, и повторно ги отвори баровите и …

Белгија не е подготвена да спречи втор бран на корона вирусот Read More »

Се потрошија субвенциите за тротинет, има уште за 50-тина велосипеди


Од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје до денеска се поднесени 2.774 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет. Со ова исполнета е предвидената квота за електрични тротинети, па барања од граѓаните за субвенции за …

Се потрошија субвенциите за тротинет, има уште за 50-тина велосипеди Read More »

Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат обвинети за непочитување на полициски час


Обвинителството во Лос Анџелес најави дека нема да обвини илјадници демонстранти, кои беа приведени изминатите денови за непочитување полицискиот час, доколку не извршиле грабеж, вандализам или какво било насилство. Наместо вообичаено гонење, од службата на обвинителот Мајк Фојер нагласија  дека е изработен „вонсудски пристап“ од вонсудски тип за помали прекршоци во протестите за смртта на …

Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат обвинети за непочитување на полициски час Read More »

Кипар денеска ги отвора аеродромите, но само за 19 земји


Под посебни правила, меѓу кои и претходно направен тест за Ковид-19 и со потпишана декларација, од денеска е дозволено патување на Кипар, но само за 19 земји, поделени во две категории. Постепеното укинување на рестриктивните мерки за летовите, ќе биде во две фази, првата од денеска до 19 јуни и ќе биде задолжителен негативен тест …

Кипар денеска ги отвора аеродромите, но само за 19 земји Read More »

Еден нов случај на Ковид-19 во Гостиварско


Епидемиолозите открија еден нов случај на инфициран со корона вирусот во гостиварскиот регион. Од последните пет тестирања, едно лице од општина Врапчиште имало позитивен резултат на КОВИД 19. До денеска се активни вкупно 30 случаи. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во …

Еден нов случај на Ковид-19 во Гостиварско Read More »

Престанаа да го објавуваат бројот на починати и заразени, па сега се светско жариште


  По полемиката која следеше за официјалниот извештај за бројот на заболени и починати од корона вирус, Бразил објави нови податоци. Пријавени се нови 15.654 случаи на зараза, како и 679 починати од последиците на Ковид-19. Министерството за здравство на Бразил во текот на викендот ги отстрани податоците од својата страница и престана да го …

Престанаа да го објавуваат бројот на починати и заразени, па сега се светско жариште Read More »

Генералното собрание на ОН за првпат во 74 години без светските лидери поради пандемијата


Претседателот на Генералното собрание на ОН, Тиџани Мухамад-Банд изјави дека лидерите на државите членки нема да дојдат во Њујорк на крајот на септември на годишниот собир, за првпат во историјата на таа организација, поради пандемијата на корона вирусот. Сепак, тој вели дека се надева дека во наредните две недели ќе го објави начинот на кој …

Генералното собрание на ОН за првпат во 74 години без светските лидери поради пандемијата Read More »

Заштитна маска не носеле 975 лица, во изолација 593, а 308 се во самоизолација


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за …

Заштитна маска не носеле 975 лица, во изолација 593, а 308 се во самоизолација Read More »

Маж пукал во бабата, жената не е животно загрозена


Триесет и тригодишен од росоманското село Манастирец пукал синоќа во баба си, жената се наоѓа во кавадаречката болница и за среќа не е во животозагрозувачка состојба. Доктор Ратко Грков од Брза помош Кавадарци потврди за МИА дека интервенирале на местото на настанот и поради повредите, ја пренеле жената во болница. Хирургот Благој Митев, кој синоќа …

Маж пукал во бабата, жената не е животно загрозена Read More »

Луѓето со крвна група 0 се најотпорни на корона вирусот


Истражувачите на биотехничкиот гигант 23andMe пронајдоа разлики во генот кој влијае на крвната група, односно осетливоста на корона вирусот. Тие сметаат дека нулта крвната група е најмалку осетлива на вирусот, додека кај останатите крвни групи нема разлика. Научниците барале генетски одговор на прашањето зошто некои луѓе кои се заразени од корона вирус немаат симптоми, а …

Луѓето со крвна група 0 се најотпорни на корона вирусот Read More »

Повторно расте бројот на заболени и починати од Ковид-19 во Италија


  Бројот на починати од корона вирус во Италија порасна денеска за 65, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден. Во саботата бројот на починати беше 53, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Истовремено, бројот на заразени од Ковид-19 порасна за 280, што е повеќе во однос на вчера кога имаше 1967 новозаразени, пренесе …

Повторно расте бројот на заболени и починати од Ковид-19 во Италија Read More »

На поранешниот полицаец, Дерек Шавин, му е одредена кауција од 1,25 милиона долари


Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кој со коленото врз вратот на Џорџ Флојд ја предизивка неговата смрт при апсењето на 25 мај, ќе мора да издвои кауација од од 1,25 милиони долари, односно еден милион долари под одрдени услови, дознава ДПА од судските извори. Шовин ги прифатил условите, кои вклучуваат да нема никаков контакт …

На поранешниот полицаец, Дерек Шавин, му е одредена кауција од 1,25 милиона долари Read More »

Блиските на жената од Косоврасти негативни, новиот случај на заразен е маж од Дебар


По во петокот потврдениот нов случај на заразен со Ковид-19 после 50 дена, во Дебар денеска е регистриран уште еден случај на новозарзен. Во петокот тоа беше жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, имала висока температура и чести епилептичми напади. Беше пренесена на Клиниката за неврологија …

Блиските на жената од Косоврасти негативни, новиот случај на заразен е маж од Дебар Read More »

Земјотрес ја вознемири Албанија, почуствуван и во Македонија


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на Албанија. Според Министертвото за одбрана,потресот е почувствцуван во 17:23 часот, со епицентар кај заливот Лазри,кај Драч на длабочина од шест километри. Министертвото информираше дека освен вознемиреност кај жителите Тирана и Драч, земјотресот не предизвикал материјална штета. Потресот е почусвтвуван и во …

Земјотрес ја вознемири Албанија, почуствуван и во Македонија Read More »