Престанаа да го објавуваат бројот на починати и заразени, па сега се светско жариште


 

По полемиката која следеше за официјалниот извештај за бројот на заболени и починати од корона вирус, Бразил објави нови податоци.

Пријавени се нови 15.654 случаи на зараза, како и 679 починати од последиците на Ковид-19.

Министерството за здравство на Бразил во текот на викендот ги отстрани податоците од својата страница и престана да го објавува вкупниот број на заболени и починати од Ковид-19, а овој потег се случи откако на страницата се појавија контрадикторни податоци.

Бројот на заразени и починати од корона вирус кој владата го пријави во понеделникот е идентичен со оној кој порано го објави Националниот совет на здравствени секретаријати, кој ги обединува раководствата на државните одделени во здравството, но е одвоен од федералното Министерство за здравство.

СПоред податоците на оваа институција, во Бразил до сега од последиците на корона вирусот починале 37.134 луѓе, а по бројот на смртни случаи од Ковид-19 оваа земја се наоѓа на трето место во светот по САД и Велика Британија.

Од почетокот на епидемијата вирусот е потврден кај 707.412 луѓе, поради што Бразил се наоѓа на второ место во светот по САД:

Во соопштението издадено вчера, надлежните од министерството за здравство изјавија дека проблемите настапилево текот на викендот по грешките во објавувањето на бројот на заразени и починати во две држави кои подоцна се исправени.

Овој случај доведе до критики од сите делови на политичкиот спектар, оа и до повик до конгресот да спроведе истрага по прашањето на податоците во врска со пандемијата во земјата.

За ова се огласи и Светската здравствена организација која го истакна значењето на конзистентна и транспарентна комуникација од Бразил.