Повторно расте бројот на заболени и починати од Ковид-19 во Италија


 

Бројот на починати од корона вирус во Италија порасна денеска за 65, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.

Во саботата бројот на починати беше 53, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Истовремено, бројот на заразени од Ковид-19 порасна за 280, што е повеќе во однос на вчера кога имаше 1967 новозаразени, пренесе Ројтерс.

Вкупниот број на починати во Италија изнесува 33.964, што е четврт најголем број на светот по САД, Бразил и Велика Британија.

Што се однесува на вкупниот број случаи, тој е 235.278, или седми најголем во свеот по САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.

Во северниот регион Ломбардија, кој е најпогоден од епидемијата забележани се 194 од 280 нови случаи.

На интензивна нега се 283 лица, што е благ пад во однос на вчера, кога имаше 287.

Од корона вирус се излечија 166.584 пациенти, додека тестирани се 2,627 милиони луѓе.