Јапонија: Поради големите горештини – симнете ги маските кога и да сте во можност


Јапонските власти ги предупредија граѓаните и покрај пандемијата од корона вирус да ги симнуваат маските кога и да е тоа можно поради високите температури и големата влажност во воздухот.

Јапонската телевизија Ен-ха-ка јави за рекордни температури од 30 до 35 степени Целзиусови во различни делови од земјата.
Властите ги предупредија граѓаните да избегнуваат напорно вежбање и да пијат многу течности за да избегнат дехидрација и проблеми со циркулацијата.
Летата во Јапонија се се потопли, а тоа ги загрижува и организаторите на Олимписките игри, кои се одложени поради корона вирусот за јули 2021 – најтоплото време во годината.