Барселона донира 30.000 заштитни маски


Фудбалскиот клуб Барселона донира 30.000 заштитни маски на каталонската Влада во борбата против коронавирусот.

Маските се произведени во Кина, а ги донираше кинеската осигурителна компанија „Таипинг“, која е регионален спонзор на Каталонците.

Од „Камп Ноу“ истакнаа дека најголем дел од маските ќе завршат во домови на стари лица, додека клубот преку својата Фондација најави нова помош во наредниот период.

Од пандемијата на коронавирус во Шпанија се заболени преку 72.000 лица, а властите досега регистрираа 5.690 смртни случаи.