Вучиќ под притисок: Неговиот син, наводно, поврзан со мафијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде под притисок поради сомнежот дека неговиот син Данило е поврзан со мафијата, пренесе германската агенција ДПА. Најмоќниот политичар во Србија веќе два дена се жали на наводен „лов на вештерки“ против неговиот 22-годишен син. „Моите политички опоненти не можат да ме поразат со идеи и програми, па се обидуваат …

Вучиќ под притисок: Неговиот син, наводно, поврзан со мафијата Read More »

(Видео) По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница


Пожарот што изби на француската нуклеарна подморница, што беше на ремонт во Тулон, изгаснат е по 14 часа. Француската морнарица соопшти дека не постои никаква радиоактивна опасност. Огнот вчера се прошири во предниот дел на подморницата, а беше изгаснат по полноќ, по интервенцијата на сто пожарникари и 150 доброволци. Fire on French submarine FS Perle …

(Видео) По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница Read More »

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19


Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот. Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот Ковид-19. Со оваа …

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19 Read More »

Тексас: Не го пуштиле во ноќен клуб, се вратил со автоматска пушка


Маж кого обезбедувањето во еден ноќен клуб во Сан Антонио, Тексас, не го пуштило да влезе, се вратил со автоматска пушка, јави АП. Тој ранил осуммина, па избегал. Човекот бил во друштво на неколкумина на кои обезбедувањето на ноќниот клуб не им дозволило да влезат. „Зарем не ме препознавате? Јас сум борец на ИФЦ од …

Тексас: Не го пуштиле во ноќен клуб, се вратил со автоматска пушка Read More »

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината


Општина Гази Баба соопшти дека градоначалникот Борис Георгиевски е згрижен на Инфективната клиника откако му е дијагностициран Ковид-19. Појаснуваат дека поради хронична болка во пределот на бубрезите во понеделникот, по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, Георгиевски бил  на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за …

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината Read More »

Поголемиот дел од тенисерите не се согласуваат да се одржи УС Опен?


До денес, 70 отсто од играчите на АТП не се согласуваат да се одржи УС Опен под услови и ограничувања што организаторите на Гренд слем турнирот во Њујорк планираат да ги наметнат. Така тврди шпанскиот новинар Дани Мише. Против строгите мерки кои организаторите ги наметнуваат веќе се изрази светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во позадина …

Поголемиот дел од тенисерите не се согласуваат да се одржи УС Опен? Read More »

Потврдени четири нови случаи на Ковид-19 во Охрид


Неделниот билтен што го објави Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 6 до 12 јуни во Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 43 лица од Охрид, 26 лица од Струга и три лица од Дебар. Кога …

Потврдени четири нови случаи на Ковид-19 во Охрид Read More »

Продолжува мерката за ослободување од работа на бремените и родителите на деца до 10 години


Министерството за здравство информира дека Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани. Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, …

Продолжува мерката за ослободување од работа на бремените и родителите на деца до 10 години Read More »

Уписите во прва година во средните училишта со проширени термини, поради пандемијата


Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. Како …

Уписите во прва година во средните училишта со проширени термини, поради пандемијата Read More »

Индија бележи нов дневен рекорд на бројот на заболени со корона вирус


Индија вчера објави најголем дневен пораст на бројот на случаи со корона вирус, вкупно 11.458 нови инфекции, со што вкупниот број заразени достигнува повеќе од 300.000, соопшти Федералното Министерство за здравство. Индија е четврта најпогодена земја во светот, со постојан пораст на бројот на случаи и покрај карантинот воведен низ целата земја кон крајот на …

Индија бележи нов дневен рекорд на бројот на заболени со корона вирус Read More »

Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион


Епидемиолозите со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид-19 биле позитивни кај седум лица од општина Гостивар и три во општина Врапчиште. Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи. До денеска вкупниот …

Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион Read More »

Во сообраќајки настрадаа дете и дедо велосипедисти


Во две одделни сообраќајни незгоди во Прилепско, повредени се деветгодишно дете и 74-годишен старец, кои биле удрени со автомобил додека возеле велосипед. Имено, во петокот, во 13.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за село Дебреште, К.Т.(21) од истото село, управувајќи патничко возило „ауди“, без регистарски ознаки, удрил …

Во сообраќајки настрадаа дете и дедо велосипедисти Read More »

Во Албанија се пролонгира повторното воспоставување на јавниот превоз поради зголемниот број на новозаразени со Ковид-19


Техничкиот комитет на експерти на Албанија соопшти дека се пролонгира планираното отпочнување со работа на јавниот превоз в понеделник, поради трендот на зголемување на новозаразени со Ковид-19. Техничкиот комитет со кој раководи професор доктор Мира Ракацоли, одлуката ја донесе по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба, што е оценета како стабилна, но за поголема сигурност, оваа …

Во Албанија се пролонгира повторното воспоставување на јавниот превоз поради зголемниот број на новозаразени со Ковид-19 Read More »

Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале, а 1071 не носеле маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за …

Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале, а 1071 не носеле маски Read More »

Исланд, Нов Зеланд и Португалија се најмирните држави во светот


Исланд 13. година по ред е најмирна држава во светот, се наведува во овогодинешниот извештај на Институтот за економија и мир. Глобалниот индекс на мирот се објавува секоја година, а државите се оценуваат според 23 критериуми од три категории: општа безбедност, милитаризација и меѓународни спорови. На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, …

Исланд, Нов Зеланд и Португалија се најмирните држави во светот Read More »

Трамп соопшти дека ќе го прифати евентуалниот изборен пораз


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при евентуален неуспех на изборите ќе го признае поразот. -Се разбира, доколку не победам, значи не сум победил. Е, тогаш ќе продолжам натаму и ќе се зафатам со други работи, изјави претседателот во интервју за телевизијта Фокс Њуз. Тој беше замолен да даде коментар на изјавата на поранешниот потпретседател …

Трамп соопшти дека ќе го прифати евентуалниот изборен пораз Read More »

СЗО: Индиректните ефекти на пандемијата се загрижувачки


Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за индиректните негативни ефекти од пандемијата на корона вирусот врз пренатрупаните здравствени системи во светот, изјави денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, цитиран од Тасс. Во време кога пандемијата се интензивира во земјите со ниски и средни приходи, СЗО со посебна грижа го …

СЗО: Индиректните ефекти на пандемијата се загрижувачки Read More »

Путин повторно во јавност по два месеца изолација поради Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин денеска присуствуваше на свеченоста по повод државниот празник Денот на Русија, во спомен на 12 јуни 1990 година, кога е прогласена Декларација за државен суверенитет на Руската Федерација. Тоа е прв јавен настап на Путин откако објави воведување рестриктивни мерки во земјата поради спречување на ширењето на новиот корона вирус пред …

Путин повторно во јавност по два месеца изолација поради Ковид-19 Read More »

Гувернерот на Њујорк го потпиша законот за полициска одговорност


Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо го потпиша законот за сеопфатен пакет мерки на полициска одговорност, кои добија нова поддршка по протестите. Мерките беа одобрени порано оваа недела од државното законодавство со кое раководат демократите. Некои закони, предлагани претходните години, не се донесени, но законодавците, сега, по протестите ширум земјата по убиството на Флојд во Минеаполис …

Гувернерот на Њујорк го потпиша законот за полициска одговорност Read More »

Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол


Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон село Арачиново Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ. Д.Ф., кој на себе носел панцирен …

Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол Read More »