Гувернерот на Њујорк го потпиша законот за полициска одговорност


Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо го потпиша законот за сеопфатен пакет мерки на полициска одговорност, кои добија нова поддршка по протестите.
Мерките беа одобрени порано оваа недела од државното законодавство со кое раководат демократите.
Некои закони, предлагани претходните години, не се донесени, но законодавците, сега, по протестите ширум земјата по убиството на Флојд во Минеаполис ги донесоа.
„Реформата на полицијата доцни, а убиството на господин Флојд е само последно од многуте“, рече Куомо.
Законите ќе забрануваат полициски јажиња, ќе направат полесно да се обвинуваат лушето кои без потреба викаат полиција и ќе воспостават специјално обвинителство за истражување на смрт на луѓе во тек или по средба со полициски службеници.
Со укинување на законот, познат како Сектор 50, ќе ги направи јавни по прв пат во една деценија тужбите против службеници, како и транскриптите и конечните решенија на дисциплинските постапки.