Нагло се зголемува бројот на новозаразени во Израел, повторно се отвораат одделите за Ковид-19 во болниците


Министерството за здравство на Израел им нареди на болниците во државата да ги отворат одделенијата за пациенти со коронавирус поради нагло зголемување на бројот на новозаразени во последните неколку дена, изјави денеска портпаролот на Министерството. За утре е закажана итна владина седница заради утврдување нови чекори за борба против пандемијата – Ако веднаш не го …

Нагло се зголемува бројот на новозаразени во Израел, повторно се отвораат одделите за Ковид-19 во болниците Read More »

Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата кај Мисајловски, за Костадинов, Чулев е одговорен


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Овде не се работи за ‘случаен’ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на …

Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата кај Мисајловски, за Костадинов, Чулев е одговорен Read More »

Заев: Патот Штип-Кочани главна артерија на истокот


Патот Штип – Кочани е главна транспортна аретерија на истокот и значајна придобивка за граѓаните од целиот овој регион, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта, Китанов беше во обиколка на експресниот пат во изградба …

Заев: Патот Штип-Кочани главна артерија на истокот Read More »

Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе


Кинеските истражувачи ја започнаа втората фаза од тестирање можна вакцина против коронавирус врз луѓе, објави денеска Институтот за медицинска биологија на Кинеската академија за медицински науки. Во втората фаза, според најавата на Институтот, ќе се утврди дозата на вакцината, а ќе продолжи и проценката дали вакцината може безбедно да го натера на одговор имунолошкиот систем …

Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе Read More »

Корона избори во Србија: До 12 часот излезноста е 18,3 отсто, речиси иста како во 2016 година


  Бирачите во Србија гласаат за нов парламент на изборите кои дел од опозицијата ги бојкотира. До 12 часот на гласање излегле 18,3 отсто, покажуваат пдатоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, од каде оценија дека моменталната излезност е на ниво од парламентарните избори во 2016 година. Забележани се одредени неправилности, меѓу кои и …

Корона избори во Србија: До 12 часот излезноста е 18,3 отсто, речиси иста како во 2016 година Read More »

Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува


Една недела пред вториот круг на општинските избори во Франција и најавената реконструкција на француската влада веднаш по изборите, популарноста на претседателот Емануел Макрон стагнира, додека таа на премиерот Едуар Филип се зголемува, јави дописникот на МИА. Според испитувањето на ИФОП за Журнал ди Диманш, популарноста на Емануел Макрон стагнира на 38 отсто на задоволни …

Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува Read More »

По смената на методологијата, во Чиле речиси двојно повеќе починати од Ковид-19


Бројот на смртни случаи во Чиле е речиси двојно по усвојувањето на новиот метод за регистрирање на жртвите на коронавирусот, во кој се вклучени и оние кои се можни жртви на Ковид-19. Со новиот метод бројот на починати се зголеми од околу 4.000 на близу 7.000 лица. Владата, по многу критики, направи напори да го …

По смената на методологијата, во Чиле речиси двојно повеќе починати од Ковид-19 Read More »

Едно лице убиено, 11 повредени во пукотница во Минеаполис


Едно лице е убиено, а 11 се повредени во пукотница во Минеаполис, соопшти денеска локалната полиција. Во објавата на Твитер полицијата соопшти дека сите ранети се со различен степен на повреди, но никој не е во животна опасност. Засега не се соопштени учесниците или мотивот за пукањето, но на социјалните мрежи се прошири информација дека …

Едно лице убиено, 11 повредени во пукотница во Минеаполис Read More »

МВР правело претрес за изборен поткуп, но не пронашло докази


Министерството за внатрешни работи правело претрес во Шуто Оризари кај вработен во Одделението за управни работи во МВР, но не пронашло докази за делото поткуп при избори и гласање, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Претресот, вели министерот, бил направен во координација со обвинителството, откако се појавил видеоклип со наслов „Организиран поткуп на гласачи …

МВР правело претрес за изборен поткуп, но не пронашло докази Read More »

Трамп: Барав помалку тестирања бидејќи имаме многу позитивни на Ковид-19


Претседателот на САД, Доналд Трамп, на неговиот прв предизборен митинг во Тулса, Оклахома, на кој присуствуваа помалку луѓе отколку што се очекуваше, објави дека им рекол на членовите на неговата администрација да го намалат обемот на тестирање на коронавирус поради зголемениот број случаи во САД. – Знаете, тестирањето е меч со две острици. Кога масовно …

Трамп: Барав помалку тестирања бидејќи имаме многу позитивни на Ковид-19 Read More »

Англија: Три лица убиени, три повредени со напад со нож во Рединг


Три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако вчера маж со наж ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија, соопшти локалната полиција, која засега не го оквалификува нападот како тероризам. 25-годишниот напаѓач е уапсен. Сведоците рекоа дека мажот нападнал околу 18 часот по локално време, напаѓајќи случајни минувачи во парк …

Англија: Три лица убиени, три повредени со напад со нож во Рединг Read More »

Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба и ги отвора границите


Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот и ги отвора границите. На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска да поминат две недели во карантин, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи. Туристите ќе поминат „тројна проверка“, која вклучува проверка на …

Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба и ги отвора границите Read More »

Експлозија во семејната пекарница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук објави дека утрово околу 3 часот била „фрлена експлозивна направа“ во продавница во скопската населба Ѓорче Петров, што неговото семејство ја работи со децении, при што е причинета материјална штета. – Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската …

Експлозија во семејната пекарница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски Read More »

Роднини побегнале од затвор во Рим, оставиле порака – „брзо се враќаме“


  Двајца затвореници во Италија успеале да побегнат од затвор во Рим, но зад себе оставиле порака во која ветуваат дека брзо ќе се вратат штом ги решат семејните проблеми. Набрзо се уапсени во Тоскана, објави министерството за правосудство. Роднините Давад Зукановиќ и Лил Ахметовиќ побегнале откако ги пресекле решетките на прозорецот на својата затворска …

Роднини побегнале од затвор во Рим, оставиле порака – „брзо се враќаме“ Read More »

Нови четири случаи во Црна Гора, затворија граничен премин со Србија


  Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска објави дека во земјата има четири нови случаи на Ковид-19. Едниот новопотврден случаеј е поврзан со случувањата во Рожаје, каде има 14 активни случаи. Во Црна Гора има 35 случаи на корона вирус, потврдени последните денови, откако земјата претходно со денови немаше ни еден случај на …

Нови четири случаи во Црна Гора, затворија граничен премин со Србија Read More »

Во Италија нови 262 случаи на корона вирус, 49 починаа


Во Италија денеска забележани се нови 262 случаи на корона вирус, а починаа 49 пациенти, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Од почетокот на епидемијата вкупно починаа 34.610 луше, па италија се најде на четвртото место по бројот на жртви во светот по САД, Бразил и Велика Британија, пренесе Ројтерс. Вкуониот број на заразени е 238.275, …

Во Италија нови 262 случаи на корона вирус, 49 починаа Read More »

Конго: Висок функционер осуден на 20 години затвор


  Врховниот суд на Конго го осуди денеска на 20 години затвор Витал Камерхе, шеф на кабинетот на претседателот, поради проневера на 48 милиони долари јавни пари. Тој е највисока политичка личност на кого му се судело во конго за корупција, пренесува Ројтерс Камерхе го поддржа претседателот Феликс Чисакеди на изборите во 2018 година, а …

Конго: Висок функционер осуден на 20 години затвор Read More »

Спасовски: Ковид-19 е тука, опасен е, сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени


Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку објава на Фејсбук одново аплеираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и со тоа да придонесат за намалување на бројот на новозаразени. – Ковид-19 секојдневно одзема животи. Денешниот висок број починати зборува само за едно: вирусот е тука, опасен е, а може да …

Спасовски: Ковид-19 е тука, опасен е, сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени Read More »

(Видео) Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени за време на вести во живо


Полицијата во Белорусија приведе стотина луѓе, демонстранти и новинари, на протестот против кампањата за повторен избор на претседателот Александар Лукашенко. Опозициските кандидати собираа потписи од приврзаниците во главниот град Минск, пред да интервенира полицијата, пренесе РСЕ. Александра Динко, известувач за белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, е приведена додека во живо пренесувала вести, заедно со …

(Видео) Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени за време на вести во живо Read More »

Состојбата во Дебар станува алармантна, денес нови 18 заразени, вкупно 29


Во Дебар, градот кој прв беше ставен под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата алармантно се менува. Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29. Градоначалникот Хекуран Дука, на вчерашната прес-конференција, оцени дека ситуацијата …

Состојбата во Дебар станува алармантна, денес нови 18 заразени, вкупно 29 Read More »