Нови четири случаи во Црна Гора, затворија граничен премин со Србија


 

Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска објави дека во земјата има четири нови случаи на Ковид-19.

Едниот новопотврден случаеј е поврзан со случувањата во Рожаје, каде има 14 активни случаи. Во Црна Гора има 35 случаи на корона вирус, потврдени последните денови, откако земјата претходно со денови немаше ни еден случај на зараза.

Поради зголемениот број случаи во Рожаје, на границата со Србија, Црна Гора одлучи да го затвори граничниот премин со Србија.

Одлуката е донесена затоа што сметаат дека вирусот во таа општина се појавил по патувања во Србија.

Одлучено е во Рожаје верските обреди да се држат без присуство на граѓани, а погребите само во кругот на семејството.

Се забрануваат сите јавни собири, нема групирање повеќе од двајца, освен за членови на едно семејство, а забранети се свадби и матурски.

Задолжитело е и носењето на заштитни маски на отворено, додека во цела црна гора задолжително е носење маски во затворени простории.

Владата на Црна Гора тврди дека во Рожаје, најмалку 26 од досега регистрираните 31 случај директно се имортирани од Србија или вирусот се раширил преку граѓани на црна Гора кои во минатите десет дена противзаконски престојувале во Србија, пренесе Вијести.