По смената на методологијата, во Чиле речиси двојно повеќе починати од Ковид-19


Чиле

Бројот на смртни случаи во Чиле е речиси двојно по усвојувањето на новиот метод за регистрирање на жртвите на коронавирусот, во кој се вклучени и оние кои се можни жртви на Ковид-19.

Со новиот метод бројот на починати се зголеми од околу 4.000 на близу 7.000 лица.

Владата, по многу критики, направи напори да го реорганизира начинот на кој се регистрира бројот на жртви на коронавирус. Притоа беше разрешен и министерот за здравство Хаим Маналиќ.

– На овој начин, меѓу оние кои починаа поради инфекција со коронавирусот, сега се вклучени и оние чија смрт е поврзана или евентуално поврзана со Ковид-19, рече главниот епидемиолог Рафаел Араос.

Бројот на заразени во Чиле е во пораст, иако на самиот почеток на пандемијата, во февруари, оваа земја воведе итни вонредни мерки кои вклучуваат масовно тестирање и затворање на училиштата.

Во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 5.000 нови случаи, а вкупно заразени се скоро 240.000 лица.