Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата кај Мисајловски, за Костадинов, Чулев е одговорен


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

„Овде не се работи за ‘случаен’ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова“, обвинува Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е израз на целосна немоќ и страв од пораз. Мицкоски изрази поддршка за Мисајловски коментирајќи дека ако ако пораката која сакала власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нивниот одговор е одлучност.

Од друга страна пај, Костадин костадинов од СДСМ, одговорноста ја лцира кај министерот за внатрешни работи од редовие на опозициската партија Наќе Чулев.

„Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува Министерството за внатрешни работи. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи“, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Струмица.

Додаде дека дополнително би сакал да одговори, како што рече на една лажна вест од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој сериозно го обвинува СДСМ за настанот со објектот на Мисајловски.