Во Италија нови 262 случаи на корона вирус, 49 починаа


Во Италија денеска забележани се нови 262 случаи на корона вирус, а починаа 49 пациенти, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата вкупно починаа 34.610 луше, па италија се најде на четвртото место по бројот на жртви во светот по САД, Бразил и Велика Британија, пренесе Ројтерс.

Вкуониот број на заразени е 238.275, наведува агенцијата.

Италија која има повеќе од 60 милиони жители, до сега тестираше 3,017 милиони луѓе.