Клиниката за пулмологија дезинфицирана со „УВ Гард“ – апарат на македонски иноватори


Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија со соопштение се заблагодари за донацијата на „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров. Апаратот дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу. Ги уништува микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги …

Клиниката за пулмологија дезинфицирана со „УВ Гард“ – апарат на македонски иноватори Read More »

Домашните компании ќе добијат финансиска помош за отворање онлајн продавници


Македонските компании ќе имаат можност за добивање неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар. Оваа активност е дел од иницијативата „Ecommerce4All” која ја реализира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на …

Домашните компании ќе добијат финансиска помош за отворање онлајн продавници Read More »

Убер со загуба од 2,9 милијарди долари за првиот квартал поради корона вирусот


Компанијата за такси превоз Убер соопшти дека нејзината загуба достигна 2,9 милијарди американски долари во првиот квартал, како резултат на последиците од мерките за ограничување во врска со корона вирусот. Компанијата и покрај тоа истакнува дека има можност за надминување на состојбата, бидејќи се поголем број луѓе кои седат дома ги користат услугите за нарачка …

Убер со загуба од 2,9 милијарди долари за првиот квартал поради корона вирусот Read More »

(Видео) Полицијата во Њујорк со ќотек спроведува социјална дистанца


На интернет се појавија видеа на кои се прикажани њујоршките полицајци кои присилно спроведуваат вонредни мерки на физичко растојание, пренесува АП. На едно видео се гледа полицаец како трча по Афроамериканец и насилно го оборува на земја. Во друго видео, полицаец кој не носи маска  удира во глава човек што лежи на улица и не …

(Видео) Полицијата во Њујорк со ќотек спроведува социјална дистанца Read More »

Во Кина регистриран само еден нов случај на корона вирусот


Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со корона вирусот и ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија. Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.886, а починале 4.633 лица, соопштија здравствените власти. Здравствената комисија за вчера пријави и 16 асимптоматски случаи.

Интервју со д-р Димитар Ковачевски: Социјалната дистанца влезе во рекламната комуникација


Димитар Ковачевски e професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки. Има завршено стручно усовршување на Харвард Универзитетот во САД, EADA бизнис школото во Шпанија, Ерасмус Универзитетот во Холандија и на Техничкиот Универзитет во Минхен. Има 20 годишна професионална кариера на високи менаџерски …

Интервју со д-р Димитар Ковачевски: Социјалната дистанца влезе во рекламната комуникација Read More »

Катица Јанева денеска дава исказ за „Рекет“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. На вчерашното рочиште за предметот исказ даваше обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки …

Катица Јанева денеска дава исказ за „Рекет“ Read More »

Нови 28 излекувани и еден заразен од ковид-19 во Косово, активни 273 случаи


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави синоќа дека во четвртокот во земјата се регистрирани нови 28 случаи на лица кои биле заразени, а кои, согласно методите на Светската здравствена организација, по две последователни испитувања, резултирале излекувани од ковид-19. Во изминатите 24 часа во земјата е евидентиран и еден новозаболен од новиот корона вирус, …

Нови 28 излекувани и еден заразен од ковид-19 во Косово, активни 273 случаи Read More »

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот


Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот. Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња. – Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа  …

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот Read More »

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите. -Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател …

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите Read More »

Војник од Белата куќа има корона вирус, Трамп негативен


  Припадник на американската војска кој работи во близина на претседателот ДОналд Трамп, бил позитивен на тестирањето за корона вирус, објави Белата куќа. „Претседателот и потпретседателот се тестирани, негативни се и здравјето им е добр“, рече портпаролот Хоган Гилди. Кога се појави веста, потпретседателот Мајк Пенс беше на достава на медицинска опрема во еден рехабилитациски …

Војник од Белата куќа има корона вирус, Трамп негативен Read More »

Во Франција 100 случаи на новозаболени помалку од вчера


Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот корона вирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден. Од први март, кога започнаа да се соопштуваат бројките на смртните случаи од Ковид-19, починале вкупно 25 987 лица од корона …

Во Франција 100 случаи на новозаболени помалку од вчера Read More »

По падот на авионот кај Задар, хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка


  Министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ поднесе оставка по падот на воениот авион во кој загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство. „Денеска околу 16 часот во текот на редовен лет дојде до пад на школски авион „Злин“ во подрачјето на Бељана Долни. Со доаѓањето на местото на несреќата можевме да констатираме дека …

По падот на авионот кај Задар, хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка Read More »

Обновени летови од европски дестинации до бугарскиот град Варна


Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва. По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и …

Обновени летови од европски дестинации до бугарскиот град Варна Read More »

Миланската оперска куќа Ла Скала поради пандемијата изгуби 23 милиони евра


Миланската оперска куќа Ла Скала досега изгуби 23 милиони евра поради пандемијата на новиот коронавирус и очекува сезоната да почне во септември. – Поради пандемијата, откажани се 150 програми. За отворањето во септември се планира „Реквием“ на Верди, кој ќе биде посветен на настраданите и нивните семејства, изјави директорот на познатата оперска куќа Доминик Мејер. …

Миланската оперска куќа Ла Скала поради пандемијата изгуби 23 милиони евра Read More »

Американска биотехнолошка компанија ја забрзува работата на вакцина против новиот корона вирус


Американската биотехнолошка фирма Модерна соопшти дека ја забрзала работата на развој на експериментална вакцина против ковид-19 и оти очекува кон почетокот на летото да почне со подоцнежните фази на клиничките испитувања. Компанијата од Масечусетс соопшти дека набрзо ќе почне клинички испитувања од средна фаза. Таа американска компанија до сега најмногу напредна во развојот на вакцина …

Американска биотехнолошка компанија ја забрзува работата на вакцина против новиот корона вирус Read More »

Даниловски: Земјава добро се справи со корона кризата


Епидемиологот и доктор Драган Даниловски смета дека земјава добро се справила со ширењето на коронавирусот и оти тоа немaло да може да го направи со полабави мерки. Останува, вели тој, да се надеваме дека вирусот како што се појави за три месеци ќе исчезне, како што велат одредени експерти, но секако треба да сме подготвени …

Даниловски: Земјава добро се справи со корона кризата Read More »

Во Италија починаа уште 274 пациенти заболени од Ковид-19, новозаболени 1.400


Агенцијата за цивилна заштита на Италија објави дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале уште 274 лица, а нови 1.401 се заболени од корона вирусот. Вкупно во оваа земја од последиците на Ковид-19 починаа 29.958 луѓе, додека вкупно заболеа 215.858 Италијанци. За сега оздравени се 163.919 пациенти.

Јапонија го одобри „ремдесивир“ за лекување на ковид-19


Јапонија го одобри „ремдесивир“ на американската компанија Гилеад сајанс за лекување на заболените од Ковид-19, соопшти јапонското Министерство за здравство. Со тоа, Јапонија стана втората земја по САД, која и официјално го авторизираше тој лек за болеста предизвикана од новиот корона вирус. Јапонија одлуката ја донесе само три дена откако американската фармацевтска компанија побара одобрение …

Јапонија го одобри „ремдесивир“ за лекување на ковид-19 Read More »