Во Франција 100 случаи на новозаболени помалку од вчера


Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот корона вирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден.

Од први март, кога започнаа да се соопштуваат бројките на смртните случаи од Ковид-19, починале вкупно 25 987 лица од корона вирусот. Од овој број 16 386 смртни случаи се регистрирани во болниците и 9 601 во социјалните и медицинско-социјални установи (домови за нега на стари и изнемоштени лица).

До вечерва, 23 208 лица се уште се хоспитализирани, а 2961 пациенти се уште се на интензивна нега (186 помалку од претходниот ден). Од почетокот на епидемијата, болничко лекување им било потребно на 95 210 лица, а 55027 лица се вратиле дома, како излекувани.

Вкупно во Франција има 137.779 потврдени случаи на „Ковид-19“.

Четири региони, парискиот, централниот, северниот и северо-источниот се најпогодени од вирусот, и заедно претставуваат 72 отсто од хоспитализираните случаи.