Нови 28 излекувани и еден заразен од ковид-19 во Косово, активни 273 случаи

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави синоќа дека во четвртокот во земјата се регистрирани нови 28 случаи на лица кои биле заразени, а кои, согласно методите на Светската здравствена организација, по две последователни испитувања, резултирале излекувани од ковид-19.

Во изминатите 24 часа во земјата е евидентиран и еден новозаболен од новиот корона вирус, а дента имаше и еден смртен случај.

Според официјалните статистики за пандемијата, во Косово, бројот на заразени од средината на март, кога се појавија првите заболени од ковид-19, достигна до 861.

Во меѓувреме се забележани вкупно 561 излекуван и 27 починати лица кај кои е потврдено присуството на новиот вирус. Сите починати, според косовските здравствени власти, страдале и од други хронични болести пред да резултираат позитивни на Ковид-19.

Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 273 активни случаи на заразени од новиот вирус.

Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително вчерашните 194, изнесува 9.279.