Во Кина регистриран само еден нов случај на корона вирусот


Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со корона вирусот и ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија.

Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.886, а починале 4.633 лица, соопштија здравствените власти.

Здравствената комисија за вчера пријави и 16 асимптоматски случаи.