Војник од Белата куќа има корона вирус, Трамп негативен


 

Припадник на американската војска кој работи во близина на претседателот ДОналд Трамп, бил позитивен на тестирањето за корона вирус, објави Белата куќа.

„Претседателот и потпретседателот се тестирани, негативни се и здравјето им е добр“, рече портпаролот Хоган Гилди.

Кога се појави веста, потпретседателот Мајк Пенс беше на достава на медицинска опрема во еден рехабилитациски центар, а претседателот Трамп беше во Вашингтон и подоцна требаше да се појави на неколку настани.

„Си-ен-ен“ објави дека заболениот припадник на морнарицата работи како личен помошник на Трамп.

Персоналот на Белтата куќа редовно се тестира на корона вирус, а на новинарите кои доаѓаат во близок контакт со функционерите редовно им се проверува температурата пред да влезат во просторот за медиуми.