Во Италија починаа уште 274 пациенти заболени од Ковид-19, новозаболени 1.400


Агенцијата за цивилна заштита на Италија објави дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале уште 274 лица, а нови 1.401 се заболени од корона вирусот.

Вкупно во оваа земја од последиците на Ковид-19 починаа 29.958 луѓе, додека вкупно заболеа 215.858 Италијанци.

За сега оздравени се 163.919 пациенти.