Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на Општина Илинден


Во рамките на проектот Воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, воОопштина Илинден во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3.500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, …

Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на Општина Илинден Read More »

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година


Францускиот производител на автомобили Рено претрпе најтешка загуба во својата историја во првите шест месеци од 2020 година,  во износ од  7,3 милијарди евра, јави дописникот на МИА. Групацијата, која веќе беше во тешка состојба пред пандемијата на новиот коронавирус, и која на крајот на мај најави намалување на 15.000 работни места ширум светот (од …

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година Read More »

Трамп: Германија ѝ плаќа на Русија милијарди за енергија, ние треба да ја чуваме?


Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека не разбира зошто САД треба да ја штитат Германија од Русија, по одлуката за повлекување на дел од воениот контингент на САД во оваа земја. – Германија ѝ плаќа на Русија милијарди долари годишно за енергија, а ние треба да ја браниме Германија од Русија. Зошто е сето тоа?, …

Трамп: Германија ѝ плаќа на Русија милијарди за енергија, ние треба да ја чуваме? Read More »

Кавадарчанец се затрул од јаглероддиоксид во службено возило


Педесет и седумгодишниот Т.З. вработен во фирма во Кавадарци, вчера околу 13.00 часот управувајќи службено возило „фолксваген кеди“, се затрул со гас испуштен од боците што ги превезувал, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Во болницата во Кавадарци му е укажана медицинска помош. Увид извршила екипа од OВР Kaвaдaрци.

За празниците ЈСП сообраќа по неделен возен ред


Утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот …

За празниците ЈСП сообраќа по неделен возен ред Read More »

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19


Претседателот на Гамбија, Адамa Бероу замина во самоизолација, откако неговиот потпретседател потврди дека е позитивен на новиот корона вирус. Потпретседателот на Гамбија, Исату Турај во соопштение наведе дека не се чуствува добро и дека заминува во карантин. Владата на Гамбија ги советува граѓаните да носат заштитни маски и да одржуваат растојание, за да го спречат …

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19 Read More »

РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената …

РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење Read More »

„Алкалоид“ ги зголеми инвестициите, вработи уште 111 луѓе


„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10%, со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања во периодот јануари-јуни 2020 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2020 година, продажбите достигнуваат 4.740.145.403 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот …

„Алкалоид“ ги зголеми инвестициите, вработи уште 111 луѓе Read More »

Нов рекорден број починати од Ковид-19 во Бразил


  Бразил во последните 24 ласа регистрира 1.595 починати од последиците од корона вирусот, што е нов дневен рекорд, соопшти Министерството за здравство. Претходниот дневен рекорд изнесуваше 1.473 починати во еден ден на 4 јуни. Бројот на смртни случаи расте во последните недели затоа што заразата се прошири на нови региони, а просечно дневно од …

Нов рекорден број починати од Ковид-19 во Бразил Read More »

Земјава во жолта фаза, да се почитуваат мерките за заштита


Министерството за здравство апелира денеска и утре да се почитуваат општите мерки за заштита од високи температури зашто, според најавите од УХМР, земјава ќе биде во жолта, алертна фаза. Се препорачува граѓаните да престојуваат повеќе во затворени простории, по можност климатизирани, а ако мора да излегуваат надвор да се одмораат почесто под сенка, да носат …

Земјава во жолта фаза, да се почитуваат мерките за заштита Read More »

Заштитните маски, последната пречка пред короната, дали за некого се бизнис?


Заштитната маска – заштитено секојдневие. Памучни, дезенирани, повеќеслојни, маските се дел од живеењето. Особено ако се слушнат епидемиолозите и бројните стручњаци дека главната заштита од корона вирусот се маските, физичката дистанца и хигиената. Но, што се случува со понудата, со цените на маските и колку тоа се контролира? Од Пазарниот инспекторат велат – на телефонот …

Заштитните маски, последната пречка пред короната, дали за некого се бизнис? Read More »

Лидерите на Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл демантираат дека ја задушуваат конкуренцијата


Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компании – Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл ги отфрлија пред Конгресот обвинувањата за монопол на дигиталниот пазар, за задушување на конкуренцијата и фаворизирање на демократите во предизборната кампања. Марк Зукерберг од Фејсбук, Џеф Безос од Амазон, извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи и на Епл, Тим Кук, чии компании …

Лидерите на Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл демантираат дека ја задушуваат конкуренцијата Read More »

НАСА ќе лансира ровер на Марс


НАСА денеска ќе лансира ровер од новата генерација „Упорност“ (Perseverance) на Марс, што ќе ги истражува трагите од потенцијалниот некогашен живот. Лансирањето ќе биде од Кејп Канаверл на Флорида во седум часот и 50 минути по локално време, а роверот на Марс треба да пристигне во февруари следната година. – Ова е деветтипат да слетуваме …

НАСА ќе лансира ровер на Марс Read More »

(Видео) Ердоган ја смирува топката: Вака ги чуваме христијанските објекти


  Само четири дена по првиот намаз во Аја Софија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, реши да ги смири страстите на христијанскиот свет. Тој присуствуваше на церемонијата на завршување на реставрацијата на православниот манастир Сумела во Турција. Ердоган изјави дека на овој начин Турција ги штити објектите од културното наследство на христијанството: „Во Турција …

(Видео) Ердоган ја смирува топката: Вака ги чуваме христијанските објекти Read More »

Најмногу починати во еден ден од Ковид-19 во Калифорнија


  Во Калифорнија денеска е забележан црн рекорд, затоа што од последиците од Ковид-19 починаа 197 лица, најмногу во еден ден. Претходниот највисок број жртви беше забележан минатата недела и изнесуваше 159. „Трагично, Калифорнија надмаши уште една тешка пресвртница: 197 мртви. Најмногу во еден ден“, рече гувернерот Гавин Њусим. Во држават се зголемува и бројот …

Најмногу починати во еден ден од Ковид-19 во Калифорнија Read More »

Палмер: САД и ЕУ работат на тоа Западен Балкан да стане дел од ЕУ


САД и ЕУ тесно се координираат и работат за влез на регионот во унијата но и на меѓусебна интеграција на земјите од Западен Балкан преку таканаречаната иницијатива „мини Шенген“.  Ова денеска на самитот на Западнобалканската шесторка организиран од Атлантскиот совет го истакна Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан.  –Земјите од регионот ги гледаме како …

Палмер: САД и ЕУ работат на тоа Западен Балкан да стане дел од ЕУ Read More »

Пожар над Арачиново, гори депонијата


Над Арачиново вечерва избувна пожар. Гори депонијата, а пожарникарите веќе интервенираат на терен со две возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е пријавен во 20:10 часот и оти на терен се испратени осум пожарникари.

Холандската Влада не препорачува носење заштитни маски


Холандската Влада соопшти дека нема да им препорача на граѓаните да носат заштитни маски како дел од мерки за да се забави ширењето на новиот коронавирусот, сметајќи дека нивната ефикасност не е докажана. – Наместо тоа, Владата ќе побара од граѓаните подобро да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, бидејќи бројот на пациенти е во …

Холандската Влада не препорачува носење заштитни маски Read More »

Економска интеграција во поддршка на европската перспектива на Балканот


Интензивна економска соработка, регионални пакет-мерки за социо-економско закрепнување од пандемијата на Ковид-19 се меѓу заклучоците на дискусијата на лидерите и учесниците од шесте земји од регионот на денешниот виртуелен самит, организиран од Атлантскиот Совет на САД, посветен на економската интеграција на Западен Балкан. Учесниците се согласија дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе, …

Економска интеграција во поддршка на европската перспектива на Балканот Read More »

Почна со работа пунктот за тестирање во Свети Николе


Почна со работа пунктот за земање брисеви за Ковид-19 во Свети Николе. Секој ден, тим од Центарот за јавно здравје – Велес од 11:30 часот на пунктот во нов Здравстен дом ќе зема контролни брисеви, но и на оние кои се со симптоми и со упат од матичен лекар. Директорката на Центар за јавно здравје-Велес, …

Почна со работа пунктот за тестирање во Свети Николе Read More »