Холандската Влада не препорачува носење заштитни маски


Холандската Влада соопшти дека нема да им препорача на граѓаните да носат заштитни маски како дел од мерки за да се забави ширењето на новиот коронавирусот, сметајќи дека нивната ефикасност не е докажана.

– Наместо тоа, Владата ќе побара од граѓаните подобро да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, бидејќи бројот на пациенти е во пораст оваа недела, рече министерката за здравство Тамара ван Арк.

– Бидејќи ефикасноста на маските не е докажана од медицинска перспектива, кабинетот одлучи дека нема да има никаква обврска да се носат немедицински маски, рече таа по анализирањето на извештајот на Институтот за јавно здравје.

Таа одлука е во спротивност со други европски земји кои воведоа обврска да се носат маски во затворено, па дури и на отворено.