Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19


Претседателот на Гамбија, Адамa Бероу замина во самоизолација, откако неговиот потпретседател потврди дека е позитивен на новиот корона вирус.

Потпретседателот на Гамбија, Исату Турај во соопштение наведе дека не се чуствува добро и дека заминува во карантин.

Владата на Гамбија ги советува граѓаните да носат заштитни маски и да одржуваат растојание, за да го спречат ширењето на вирусот.

Во Гамбија досега се потврдени 326 случаи на Ковид-19, а починати се осум лица.