Нов рекорден број починати од Ковид-19 во Бразил


 

Бразил во последните 24 ласа регистрира 1.595 починати од последиците од корона вирусот, што е нов дневен рекорд, соопшти Министерството за здравство.

Претходниот дневен рекорд изнесуваше 1.473 починати во еден ден на 4 јуни.

Бројот на смртни случаи расте во последните недели затоа што заразата се прошири на нови региони, а просечно дневно од заразата умираат 1.000 луѓе.

Бразилското министерство за здравство досега забележа 90.134 смртни случаи и повеќе од 2,5 милиони заразени.

СО вакви бројки Бразил е втора најпогодена земја од епидемијата по САД.