Кавадарчанец се затрул од јаглероддиоксид во службено возило

Педесет и седумгодишниот Т.З. вработен во фирма во Кавадарци, вчера околу 13.00 часот управувајќи службено возило „фолксваген кеди“, се затрул со гас испуштен од боците што ги превезувал, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во болницата во Кавадарци му е укажана медицинска помош. Увид извршила екипа од OВР Kaвaдaрци.