(Видео) Ердоган ја смирува топката: Вака ги чуваме христијанските објекти

 

Само четири дена по првиот намаз во Аја Софија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, реши да ги смири страстите на христијанскиот свет.

Тој присуствуваше на церемонијата на завршување на реставрацијата на православниот манастир Сумела во Турција.

Ердоган изјави дека на овој начин Турција ги штити објектите од културното наследство на христијанството: „Во Турција постојат многу објекти од светска важност. Манастирот Сумела е еден од симболите на нашата земја. Овде останале траги од многу цивилизации. Со години веќе работиме на зачувување на овој манастир. Никогаш не сме сакале да ги уништиме тие објекти, напротив, се трудевме да ги сочуваме“.

Церемонијата на отворањето беше пренесувана во живо на официјалниот Твитер профил на претседателот.