Најмногу починати во еден ден од Ковид-19 во Калифорнија


 

Во Калифорнија денеска е забележан црн рекорд, затоа што од последиците од Ковид-19 починаа 197 лица, најмногу во еден ден.

Претходниот највисок број жртви беше забележан минатата недела и изнесуваше 159.

„Трагично, Калифорнија надмаши уште една тешка пресвртница: 197 мртви. Најмногу во еден ден“, рече гувернерот Гавин Њусим.

Во држават се зголемува и бројот на новозаразени на дневно ниво. Па така, денеска се регистрирани 8.755 нови случаи или вкупноповеќе од 475.000 во Калифорнија, пренесе Си-ен-ен.

Вчера тему биле тестирани 100.000 луѓе, а од почетокот на епидемијата повеќе од 7,5 милиони.