Повторно зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција- 153 во 20 различни делови


Бројот на новозаболени во Грција и понатаму од ден на ден се зголемува, за денеска да достигне до 153 нови случаи, регистрирани во 20 различни делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Националната органиација за јавно здравје на Грција соопшти 153 нови случаи, од кои 11 по направените тестови на влезните точки во …

Повторно зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција- 153 во 20 различни делови Read More »

Баскија: Нема сомнеж дека се работи за втор бран на епидемијата


Регионалната баскиска Влада денеска соопшти дека веќе не се сомнева оти се соочува со вториот бран на епидемијата на коронавирусот. Откако денеска беа регистрирани 338 новозаразени, министерката за здравство, Некане Мурга денеска ги повика луѓето да останат претпазливи и ги предупреди да не го потценуваат вирусот, објави „Гардијан“. – Нема причина да мислите дека вирусот сега е послаб или …

Баскија: Нема сомнеж дека се работи за втор бран на епидемијата Read More »

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации


Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје денеска го отворија новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации во Скопје. Центарот, како што соопшти Министерството за здравство, ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува  во случаи на …

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации Read More »

Дваесет и петгодишен жител на Дебреште извршил обљуба врз малолетно девојче


Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и …

Дваесет и петгодишен жител на Дебреште извршил обљуба врз малолетно девојче Read More »

Во Србија 299 новозаболени, починаа седуммина


  Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 10.033 лица, а 299 од нив биле позитивни. Во истиот период починаа седум пациенти. На рспиратори ширум земјата има уште 120 пациенти.

Валандово не е повеќе без заболени од Ковид-19


До вчера само Пехчево и Валандово во Македонија немаа активни случаи на пациенти со Ковид-19, но денеска во Валандово е регистриран еден позитивен. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399,  бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата …

Валандово не е повеќе без заболени од Ковид-19 Read More »

Во Скопје има 1.231 активен случај на Ковид-19, најмногу во Чаир


Изминатите 24 часа во Скопје регистрирани се 35 позитивни на коронавирус со што вкупната бројка се искачи на 5.000, од кои 1.231 се активни. Министерството за здравство информира дека денеска во Скопје оздравени се 103 лица, а тројца го загубија животот како последица на коронавирусот. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките …

Во Скопје има 1.231 активен случај на Ковид-19, најмногу во Чаир Read More »

Филипче: Мајките кои се суспектни или Ковид-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња


Мајките кои се суспектни или Ковид-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека тие треба и пожелно е да ги дојат своите бебиња, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори …

Филипче: Мајките кои се суспектни или Ковид-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња Read More »

Бројката на новозаболени повторно скокна над 100, починаа шестмина


Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 35 -Куманово 12 -Штип 23 -Прилеп 1 -Тетово 5 -Струга 1 -Битола 7 -Охрид 6 -Гостивар 15 -Кочани 2 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 1 -Валандово 1 -Виница 1 Починати се 6 лица, три пациенти …

Бројката на новозаболени повторно скокна над 100, починаа шестмина Read More »

Спасовски: Никогаш да не се повтори невремето што пред четири години го зафати Скопје


Премиерот Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук порача никогаш да не се заборави и да не се повтори големото невреме, што пред четири години го зафати Скопје. – Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред четири години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, …

Спасовски: Никогаш да не се повтори невремето што пред четири години го зафати Скопје Read More »

Во Грција засега не постојат препораки за отворање на границите за други земји


Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот бифинг со новинарите, во однос на тоа дали Владата размислува да ја прошири листата со трети земји …

Во Грција засега не постојат препораки за отворање на границите за други земји Read More »

Лос Анџелес ќе ја исклучува струјата и водата во домовите каде се прават големи забави


 Властите на Лос Анџелес ќе започнат со исклучување на снабдувањето со струја и вода во домовите каде за време на пандемија се оддржуваат забави во кои учествуваат голем број луѓе, ова денеска го изјави градоначалникот на градот Ерик Гарсети.  Гарсети истакна дека наредба од ваков тип е веќе одобрена во одделот за водни ресурси и …

Лос Анџелес ќе ја исклучува струјата и водата во домовите каде се прават големи забави Read More »

Охајо: Верник отишол во црква и заразил 91 лице


  Маж заразен со корона вирус во средината на јули отишол во црква, а потоа се заразиле 91 лице, од кои 53 биле во црквата. Гувернерот на Охајо Мајк Дивајн, вели дека инфекцијата се проширила како пожар и ги замоли граѓаните да носат маски кога одат на миса, пренесе Си-ен-ен. Во овој случај на ширење …

Охајо: Верник отишол во црква и заразил 91 лице Read More »

МЖСПП: Винил хлорид мономерот ќе се преточува по три месеци кога ќе паднат температурите


Министерството за животна средина и простоено планирање ги демантира информациите кои деновиве беа објавени на социјалните мрежи во врска со опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС. – На 29 јули 2020 година, Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски …

МЖСПП: Винил хлорид мономерот ќе се преточува по три месеци кога ќе паднат температурите Read More »

Кривична против шест полицајци – тепале приведен врзан со лисици


Против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција …

Кривична против шест полицајци – тепале приведен врзан со лисици Read More »

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ


Танзаниски рудар пронајде редок сино-темновиолетов скапоцен камен, познат како „танзанит“, тежок над шест килограми. Пронаоѓачот Саниниу Лајзер (52) во јуни на овој начин стана милијардер, откривајќи два слични скапоцени камења. Сега најде уште еден. Наодот се проценува на 4,7 милијарди танзански шилинзи или околу два милиона долари. Лајзер, инаку, има 30 деца. Со своите пари, …

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ Read More »

Рекорден број заразени со корона вирус во Полска и во Словачка


  Полска денеска пријави 725 нови случаи со корона вирус, што е петти пат да го соборуваат рекордот на дневно заболени од минатата недела. Според податоците на Министерството за здравство, вкупно заразени се 49.515 лица, додека 1.774 луѓе починаа досега, јави Ројтерс. И во Словачка денеска се регистрирани 63 новозаразени со корона вирус, што е …

Рекорден број заразени со корона вирус во Полска и во Словачка Read More »

Во светот 19.000.000 заразени со корона вирус


  СПоред податоците на страницата „Ворлдометерс“ во светот заразени се 19.000.000 луѓе со новиот корона вирус. Од почетокот на епидемијата починаа повеќе од 711.000 пациенти. Во моментот активни случаи заболени од Ковид-19 се повеќе од шест милиони, од кои повеќе од 65.000 лица се во критична состојба. Од Ковид-19 се опоравиле 12 милиони луѓе. Најтешко …

Во светот 19.000.000 заразени со корона вирус Read More »

Прегазен пешак во Скопје, уште неколкумина повредени во три сообраќајки


  Во три одделни сообраќајни незгоди изминатото деноноќие 71-годишен пешак се здобил со повреди откако на него налетал автомобил, а повредени се уште седуммина во сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово и патот Кичево -Охрид. Во средата, во 110 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, …

Прегазен пешак во Скопје, уште неколкумина повредени во три сообраќајки Read More »

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки


Поројните врнежи што ја зафатија државата ако локално се поинтензивни и во форма на невреме може да предизвикаат слевање вода во градските средини и излевање на помалите реки. Но, нема опасност од излевање на поголемите реки, соопшти Упрвата за хидрометеорлошки работи (УХМР). Според Управата, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен …

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки Read More »