Валандово не е повеќе без заболени од Ковид-19


До вчера само Пехчево и Валандово во Македонија немаа активни случаи на пациенти со Ковид-19, но денеска во Валандово е регистриран еден позитивен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399,  бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 5.000, активни 1231

Куманово 1.114, активни 260

Дебар 208, активни 117

Штип 910, активни 381

Прилеп 337, активни 47

Тетово 1071, активни 186

Струга 470, активни 187

Велес 227, активни 22

Битола 153, активни 71

Охрид 288, активни 80

Кавадарци 83, активни 61

Гостивар 513, активни 283

Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 39, активни 23

Крива Паланка 25, активни 11

Радовиш 29, активни 16

Крушево 16, активни 8

Кочани 108, активни 20

Пробиштип 58, активни 21

Демир Хисар 36, активни 27

Македонски Брод 42, активни 36

Пехчево 6, активни 0

Берово 8, активни 4

Валандово 7, активни 1

Виница 26, активни 22

Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 14, активни 5

Свети Николе 230, активни 130

Кичево 179, активни 109

Ресен 146, активни 19

Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)