Филипче: Мајките кои се суспектни или Ковид-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња


Мајките кои се суспектни или Ковид-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Посочува дека тие треба и пожелно е да ги дојат своите бебиња, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори што ги содржи,
– Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори, истакнува Филипче.