Прегазен пешак во Скопје, уште неколкумина повредени во три сообраќајки


Илустрација

 

Во три одделни сообраќајни незгоди изминатото деноноќие 71-годишен пешак се здобил со повреди откако на него налетал автомобил, а повредени се уште седуммина во сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово и патот Кичево -Охрид.

Во средата, во 110 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(58) од Скопје, удрило во пешак С.Р.(71) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 21 часот било пријавено дека на автопат Скопје –Тетово, Ф.А.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метална ограда. Во незгодата, сопатникот З.Ф.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште двајца сопатници Б.М.(25), И.Ш.(28) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу село Издеглавје и село Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје. Во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса“, М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксваген пасат“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“ Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.