Охајо: Верник отишол во црква и заразил 91 лице


 

Маж заразен со корона вирус во средината на јули отишол во црква, а потоа се заразиле 91 лице, од кои 53 биле во црквата.

Гувернерот на Охајо Мајк Дивајн, вели дека инфекцијата се проширила како пожар и ги замоли граѓаните да носат маски кога одат на миса, пренесе Си-ен-ен.

Во овој случај на ширење на корона вирусот, 56-годишен маж отишол на миса, по што заболеле 53 лица, а 18 од нив вирусот го пренеле на најмалку уште еден човек.

Сопругата и девте деца на верникот,кој го покрена жериштето, исто така се разболеле.