Рекорден број заразени со корона вирус во Полска и во Словачка


 

Полска денеска пријави 725 нови случаи со корона вирус, што е петти пат да го соборуваат рекордот на дневно заболени од минатата недела.

Според податоците на Министерството за здравство, вкупно заразени се 49.515 лица, додека 1.774 луѓе починаа досега, јави Ројтерс.

И во Словачка денеска се регистрирани 63 новозаразени со корона вирус, што е рекорден број нови случаи на дневно ниво во повеќе од три месеци.

Оваа централноевропска земја помина подобро од повеќето во спречувањето на ширењето на корона вирусот, иако бројот на случаи секојдневно се зголемува од јуни, кога се отвори за светот, пренесе Ројтерс.

Според последните денешните податоци, вкупниот број заразени во Словачка достигна 2.480, од кои 1.824 се излечија.

Министерството за здравство соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека состојбата во болниците е стабилна.

Минатата недела во Словачка регистриран е првиот смртен случај од корона вирус од средината на мај, па вкупниот број починати изнесува 29.