Четири лица ранети во напад пред Белата куќа


Четири лица, жена и тројца мажи,  се ранети во напад пред Белата куќа, во ноќта по историските и крајно неизвесни избори во САД, јавија американските медиуми. Жртвите биле избодени, но немаат рани опасни по животот, иако сите се пренесени во болница, соопшти полицијата во Вашингтон. Полицијата соопшти дека жртвите на нападот се изјасниле како приврзаници …

Четири лица ранети во напад пред Белата куќа Read More »

Одземен пасошот на Лидија Димова


Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Домова поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“. Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека одлука за одземање на патната исправа донесена е и за А.Г., …

Одземен пасошот на Лидија Димова Read More »

Општина Центар поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска во Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на Друштво за угостителство, трговија и услуги „Фор Фингерс“ ДОО Скопје и овластено лице на подружница 1 „Интермецо“ Скопје. Кривичната пријава против Јовановиќ е поднесена согласно членот 389 од Кривичниот законик, односно за сторено кривично …

Општина Центар поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“ Read More »

Кого уби терористот во Виена – меѓу жртвите келнерка и случаен минувач


Во терористичкиот напад во Виена што во понеделникот го изврши Албанец со потекло од Македонија, Кујтим Фејзулаи, убиени се и двајца странски државјани. Се работи за една Германка и еден државјанин на Македонија. Терористот, кого полицијата го уби, со огнено оружје усмрти четири лица. Меѓу жртвите се и еден 39-годишен Австриец и една 44-годишна Австријка. …

Кого уби терористот во Виена – меѓу жртвите келнерка и случаен минувач Read More »

Пауза во Собранието, за збор за изборот на Кацарска не е пријавен ниту предлагачот


Очекував барем малку доблест од Судскиот совет и владејачкото мнозинство, да слушнеме зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешното продолжение на 20. собраниска …

Пауза во Собранието, за збор за изборот на Кацарска не е пријавен ниту предлагачот Read More »

„Витаминка“ и „Преспав“ донираа 100 таблети за семејствата во неповолна социјална положба


„Витаминка“ и „Преспав“ донираа 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. Донацијата, што како иницијатива произлегува од „Витаминка“, а се приклучи и ОХО продукција, се одвива преку Министерството за образование и наука од каде го составија списокот на корисниците на донацијата и ќе се …

„Витаминка“ и „Преспав“ донираа 100 таблети за семејствата во неповолна социјална положба Read More »

Улица „Бојмија“ во населба Острово станува еднонасочна


Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово, зад Трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица. „Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците“, изјави градоначалникот Златко Марин.  Од идната недела …

Улица „Бојмија“ во населба Острово станува еднонасочна Read More »

Маричиќ: Зголемен е процентот на жени сопственици и косопственици на имот


Денеска, министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на онлајн Регионалната конференција за Европа, под покровителство на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Маричиќ беше поканет да се обрати и да го сподели позитивниот пример од Северна Македонија во поглед на зголемување на процентот на жени сопственици и косопственици на имот. Министерот …

Маричиќ: Зголемен е процентот на жени сопственици и косопственици на имот Read More »

Битиќи: ФЗО ќе ја покрива платата заболните од Ковид-19


Одлуката да биде целосно покриено боледувањето на оние кои се болни од Ковид-19 важи и за јавната администрација и за приватниот сектор, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, појаснувајќи ја владината одлука. – Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено тоа значи дека Фондот го презема товарот. …

Битиќи: ФЗО ќе ја покрива платата заболните од Ковид-19 Read More »

Османи: Вредностите и принципите на Советот на Европа претставуваат наш патоказ за целосно интегрирање во ЕУ


Советот на Европа продолжува да ја поддржува Северна Македонија особено во контекст на подготовките за преговорите за членство во Европската унија и во таа насока од особено значење се преземените активности како важен дел од стратешкиот триаголник на Советот на Европа: поставување на стандарди -мониторинг- соработка, додека Владата на Северна Македонија е силно определена за …

Османи: Вредностите и принципите на Советот на Европа претставуваат наш патоказ за целосно интегрирање во ЕУ Read More »

Кривичен одлучува дали да ѝ го одземе пасошот на Лидија Димова


Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска е во Кривичниот суд каде треба да се одлучи дали ќе и биде одземен пасошот, од кои и оној дипломатскиот. Обвинителството бара, покрај одземањето на патните исправи, повремено да се јавува во судот, како и други мерки на претпазливост. Освен Димова, …

Кривичен одлучува дали да ѝ го одземе пасошот на Лидија Димова Read More »

Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава


На ниво на цела држава, 90,2 отсто успешно следат онлајн настава, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посета на Општина Прилеп. „За останатите девет проценти, наставата се следи преку телевизија, но и со доставување на печатени материјали до учениците. Благодарност до Националната радиотелевизија заради тоа што овозможи 15-минутни часови да се …

Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава Read More »

Арсовски: Договорот од 2017 е добра основа за разговори со Бугарија, нема потреба од нов или анекс на договорот


Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. – Дозволете денеска да се случи разговорот на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, па потоа да известиме за деталите, додаде Арсовски одговарајќи на …

Арсовски: Договорот од 2017 е добра основа за разговори со Бугарија, нема потреба од нов или анекс на договорот Read More »

Црн ден за Босна и Херцеговина – починаа 42 пациенти од Ковид-19


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 4.519 примероци, а позитивни се 1.777.  Во истиот период починаа 42 пациенти. Во Федерацијата биле тестирани 3.350 примероци, од кои 1.234 биле позитивни. Досега се тестирани 213.782, а на корона вирус позитивни биле 34.981 лица. Излечени се 20.488 пациенти, а активни се 13.636. Во федерацијата …

Црн ден за Босна и Херцеговина – починаа 42 пациенти од Ковид-19 Read More »

Во Словенија 2.025 нови случаи


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 2.025 нови случаи на коронавирус од 6.311 тестови, што е високи 32,1 процент позитивни случаи, објавија словенечките медиуми. Обраќајќи им се на граѓаните, премиерот Јанез Јанша синоќа рече дека ќе следи еден месец тешка борба против коронавирусот и долга зима во која ќе биде потребна претпазливост. Тој …

Во Словенија 2.025 нови случаи Read More »

Хрватска со 2.480 новозаразени, починаа 26 пациенти


Објавата на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита за новите податоци околу корона вирусот денеска доцнеше еден час. Според најновите информации има 2.480 новозаразени со корона вирусот, а починаа 26 пациенти. Активни се 14.843, од кои 1.221 пациенти се на болничко лекување, од кои 118 на репсиратор. Од февруари досге воХрватска од корона вирус заболеа …

Хрватска со 2.480 новозаразени, починаа 26 пациенти Read More »

Во Чешка потврдени 12.088 нови случаи на корона вирусот


Во последните 24 часа во Чешка се потврдени 12.088 нови случаи на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Во истиот период нема смртни случаи, па бројот на жртви од Ковид-19 остана на 3.913. Од почетокот на пандемијата, во Чешка со 10,7 милиони жители, вкупно 362.985 лица се заразиле со корона вирусот.

Ватикан: Во иднина без присуство на верници на мисите


Папата Франциск (83) апелираше денеска до сите верници да ги слушаат советите на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, поради што се забранети јавни собири во Ватикан. Официјален Ватикан минатата недела објави дека папата забранил собири, додавајќи дека мисите во иднина ќе се одржуваат без присуство на верници. Поглаварот на …

Ватикан: Во иднина без присуство на верници на мисите Read More »

Полска ги заострува мерките за да се избегне карантин


Полска денеска ќе соопшти дека ги зајакнува рестриктивните мерки за да се запре ширењето на корона вирусот, изјави Михал Дворчук, шеф на кабинетот на премиерот Матеуш Моравјецки. Полска минува низ најтешкиот бран на коронавирусот, откако во саботата беше регистриран рекорден број на новоинфицирани – 21.897, а болниците останаа без слободни кревети, респиратори, кислород и лекови. …

Полска ги заострува мерките за да се избегне карантин Read More »

Во Италија се воведува полициски час


Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа потпиша указ со кој се воведува полициски час од 22 до пет часот на цела територија на Италија поради сузбивање на ширењето на новиот корона вирус. Полицискиот час стапува во сила утре, а донесени се и други рестриктивни мерки, како што е намалување на капацитетот на градскиот сообраќај за 50 …

Во Италија се воведува полициски час Read More »