Одземен пасошот на Лидија Димова


Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Домова поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“.

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека одлука за одземање на патната исправа донесена е и за А.Г., за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“. Според Судот, осомничените повремено треба да се јавуваат во судот, а им се забранува и вршење на одредени работни дејствија.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, пред судија на претходна постапка денеска беа повикани да се произнесат Л.Д., за која постои основано а од чл. 249 – а ст.2 в.в со ст.1 в.в чл. 22 и Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 и ст.3 в.в. ст.1 в.в чл. 45 од КЗ и  од чл. 249 – а ст.2 в.в. ст 1 в.в чл. 22. Ценејќи ги фактити и причините заради кои е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Л.Д. и А.Г. им определи мерка – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, Обврска за повремено јавување во судот и Забрана за вршење на одредени работни дејствија, се наведува во судското соопштениет.

Пред ва дена, судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за З.З. опфатен во конкретната истрага.