Османи: Вредностите и принципите на Советот на Европа претставуваат наш патоказ за целосно интегрирање во ЕУ


Советот на Европа продолжува да ја поддржува Северна Македонија особено во контекст на подготовките за преговорите за членство во Европската унија и во таа насока од особено значење се преземените активности како важен дел од стратешкиот триаголник на Советот на Европа: поставување на стандарди -мониторинг- соработка, додека Владата на Северна Македонија е силно определена за целосно почитување на вредностите и принципите на Советот на Европа кои претставуваат патоказ за нашата земја за целосно интегрирање во ЕУ.

Како што соопшти МНР, ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во обраќањето на тема “Ефективен одговор на кризата во јавното здравство со целосно почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права” на видео – конференцијата денеска на 130-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа со кој претседава Република Грција, а која се одржува по повод 70-годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права.

-Советот на Европа има значајна улога во помагањето на земјите – членки ефикасно да одговорат на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19, притоа осигурувајќи дека преземените мерки не ја поткопуваат заедничката заложба за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото, истакнал Османи.

По претседавaњето на Грција, шестмесечното претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа го презема Сојузна Република Германија кое ќе трае до средината на мај 2021 година, наведуват од МНР.