Полска ги заострува мерките за да се избегне карантин

Полска денеска ќе соопшти дека ги зајакнува рестриктивните мерки за да се запре ширењето на корона вирусот, изјави Михал Дворчук, шеф на кабинетот на премиерот Матеуш Моравјецки.

Полска минува низ најтешкиот бран на коронавирусот, откако во саботата беше регистриран рекорден број на новоинфицирани – 21.897, а болниците останаа без слободни кревети, респиратори, кислород и лекови.

– Ситуацијата е многу сериозна и премиерот Моравјецки денеска ќе објави нови рестриктивни мерки. Таа одлука ќе го ограничи нашето функционирање и социјалните контакти. Се обидуваме да избегнеме целосно затворање на земјата, изјави Дворчук за радио Сиодма9.

Полска веќе ги затвори кафулињата и ресторани, ограничи број на луѓе во базени и ги советуваше старите лица да останат дома.