Во Чешка потврдени 12.088 нови случаи на корона вирусот

Во последните 24 часа во Чешка се потврдени 12.088 нови случаи на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Во истиот период нема смртни случаи, па бројот на жртви од Ковид-19 остана на 3.913.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка со 10,7 милиони жители, вкупно 362.985 лица се заразиле со корона вирусот.