Кривичен одлучува дали да ѝ го одземе пасошот на Лидија Димова


Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска е во Кривичниот суд каде треба да се одлучи дали ќе и биде одземен пасошот, од кои и оној дипломатскиот.

Обвинителството бара, покрај одземањето на патните исправи, повремено да се јавува во судот, како и други мерки на претпазливост.

Освен Димова, пред судија на претходна постапка денеска се повикани уште двајца од четворицата обвинети за давање грантови на фризерницата Вез Трејд.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, кривичната пријава им ја поденесе финансовата полиција.

Според пријавата тие предизивкале штета од над 400 илјади евра.