Бајден формира тим од 12 луѓе за борба против корона вирусот


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден како свој прв приоритет го одреди формирањето на 12-члена комисија, која ќе има само една задача – да најде начин Америка да се избори со пандемијата на корона вирусот. Тимот на Бајден за борба против корона вирусот ќе го водат тројца копретседатели – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела …

Бајден формира тим од 12 луѓе за борба против корона вирусот Read More »

Во Србија 2.112 нови случаи со корона вирус, починаа 10


Во Србија регистрирани се 2.112 новозаразени со корона вирус, а во последните 24 часа починале 10 пациенти. Тестирани се 8.299 примероци. На респираот се 106 пациенти. Белград е најголемо жариште, со оглед на тоа што од новите регистрирани, половината се во главниот град – 1.057.

Во Белгија помина врвот на новиот бран на корона вирусот


Белгија го помина пикот на есенскиот бран на пандемијата на корона вирусот и се симна од врвот на списокот на земјите на ЕУ со најтешка епидемиолошка состојба, односно најголем број на заразени лица по глава на жител. Белгија со 1.333 заразени на 100.000 жители, сега е зад Чешка (1.551) и Луксембург (1.459). Зад Белгија се Словенија и …

Во Белгија помина врвот на новиот бран на корона вирусот Read More »

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19


Северна Македонија, Себија и Албанија утре ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, јави допсиникот на МИА од Белград. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција …

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19 Read More »

Без симптоми не значи и здрав – организмот може трајно да биде оштетен


Не мора да значи некој е здрав ако нема симптоми на зараза со Ковид-19, изјави италијанскиот имунолог Роберто Бурони, во напис во медицинскиот магазин „Медикал фактс“. Тој потсетува дека и кај другите болести е слично. На пример, лица кои заболуваат од рак, дијабетес, глауком, СИДА, но и други болести, често, особено во првата фаза немаат …

Без симптоми не значи и здрав – организмот може трајно да биде оштетен Read More »

Приведени две лица за избоденото момче во Кавадарци


По наредба на ЈО, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Ова го изјави попладнево за МИА Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, околу случајот за кој МИА претходно информираше, кога момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на …

Приведени две лица за избоденото момче во Кавадарци Read More »

Босна и Херцеговина со нови 1.211 заразени, починаа 20 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина заразени се уште 1.211, а биле тестирани 2.829 луѓе. Пријавени се 11 смртни случаи, или вкупно 931. Во Федерацијата тестирани биле 1.593 примероци, а 665 биле позитивни. Досега се тестирани вкупно 225.553 примероци, а корона вирусот е потврден кај 39.337 лица. До денеска излечени се 21.643 …

Босна и Херцеговина со нови 1.211 заразени, починаа 20 пациенти Read More »

Рекордни бројки на новозаболени и починати од Ковид-19 во светот


И денеска голем број држави објавија високи бројки на новозаразени и починати од Ковид-19. Според сајтот „Ворлдметер“ во светот инфицирани се 50.377.799, од кои починале 1.258.066, а оздравеле 35.620.816 луѓе Во Словенија денеска се пријавени 889 новозаболени и 34 починати од последици од Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 531 смртни случаи. Тоа …

Рекордни бројки на новозаболени и починати од Ковид-19 во светот Read More »

Хрватска не се смирува: Нови 2.543 заразени, а почина 42


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.543 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 15.678. Меѓу нив на болничко лекување се 1.396 пациенти од кои 145 на респиратор. Починаа 42 лица. Тоа е втор ден по ред со најмногу смртни случаи дневно. Од почетокот на …

Хрватска не се смирува: Нови 2.543 заразени, а почина 42 Read More »

Во Словенија се намалува бројот на заболени


  Во Словенија денеска се потврдени 889 нови случаи на зараза со корона вирусот, а тестирани се 3.918 луѓе. Во истиот период починаа 23 пациенти. Ова е помал број заболени во однос на претходниот ден, кога имаше 1.612 новозаболени од 6.340 тестови, а и процентот на позитивни тестови е намален од 25,43 отсто на 22,69 …

Во Словенија се намалува бројот на заболени Read More »

Филипче: Славите да се прослават само со најблиските


Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и  да нема групирања по домовите  за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19. Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и  поради тоа е …

Филипче: Славите да се прослават само со најблиските Read More »

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на корона вирус


Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски преку Фејсбук соопшти дека е позитивен на корона вирусот. -И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за Ковид-19, сум позитивен, напиша Стојановски на Фејсбук. Ќе биде во …

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на корона вирус Read More »

Научниците открија мутација поради која корона вирусот е толку заразен


  Повеќето соеви на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради која вирусот е многу позаразен. Што повеќе време одминува од почетокот на пандемијата, толку повеќе тие соеви стануваат подоминантни, се заклучува во истражувањето. На почетокот на пандемијата имаше повеќе соеви на вирусот САРС-Ков-2, односно новиот корона вирус. Како што одминуваше времето, дојдовме до точка 99,9 …

Научниците открија мутација поради која корона вирусот е толку заразен Read More »

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје


Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје. Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помошво Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и  во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било …

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје Read More »

Радовишанец загина во сообраќајка кај Струмица


Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково, информираа од СВР Струмица. Според полицијата, автомобилот „ауди А4“ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот. На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а …

Радовишанец загина во сообраќајка кај Струмица Read More »

Од корона вирус почина радиологот д-р Владимир Евтимовски од Тетово


Уште еден здравствен работник почина поради компликации со Ковид-19. На 50-годишна возраст почина радиологот од Клиничката болница во Тетово, д-р Владимир Евтимовски. Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет. Евтимоски речиси 20 години …

Од корона вирус почина радиологот д-р Владимир Евтимовски од Тетово Read More »

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 918 пациенти


На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, …

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 918 пациенти Read More »

Во Италија нов црн рекорд од 39.811 новозаразени и 425 смртни случаи од Ковид-19


Во Италија денеска се регистрирани 39.811 нови случаи на коронавирусот, што е најголема дневна бројка од почетокот на пандемијата, објави италијанското Министерство за здравство. Министерството соопшти дека починале уште 425 лица, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 достигна 41.063 лица. Од почетокот на пандемијата во Италија со коронавирусот се заразиле вкупно 902.490 лица. …

Во Италија нов црн рекорд од 39.811 новозаразени и 425 смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Во Црна Гора нови 300 случаи со Ковид-19, починаа петмина


  Во Црна Гора, во последните 24 часа потврдени се 300 нови случаи со корона вирус, а починаа пет пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица. Од последниот извештај тестирани се 741 примерок. Најмногу новозаразени има во Подгорица, 120. Од почетокот на годината во Црна Гора се регистрирани 22.379 случаи со корона вирус. Вкуопно …

Во Црна Гора нови 300 случаи со Ковид-19, починаа петмина Read More »

Албанија: Нов рекорд на новозаразени, Баша побара граѓаните сами да се заштитуваат


Црн дневен биланс од Ковид-19 во Албанија, констатираат медиумите повикувајќи се на бројките на новозаразени и починати во последното деноноќие. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направените 1.927 тестови опасниот вирус е дијагностициран кај 495 што е најголема бројка до сега. И процентот на новозаразени во однос на тестирани, кој изнесува 27 отсто, е највисок …

Албанија: Нов рекорд на новозаразени, Баша побара граѓаните сами да се заштитуваат Read More »