Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје


Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје.

Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помошво Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и  во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во Болницата во Кавадарци.

Како што изјави д-р Благој  Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ  било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни  рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на полиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев за МИА.