Од корона вирус почина радиологот д-р Владимир Евтимовски од Тетово

Уште еден здравствен работник почина поради компликации со Ковид-19.

На 50-годишна возраст почина радиологот од Клиничката болница во Тетово, д-р Владимир Евтимовски. Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден.

Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.

Евтимоски речиси 20 години бил дел од јавното здравство, а колегите за него имаат само пофални зборови.